Понтифекс максимус
From Wikipedia, the free encyclopedia
Понтифекс максимус (латински: Pontifex maximus) = „врховен понтиф“, т.е. „првосвештеник“, бил највисокиот свештеник во староримскиот понтифски колегијат. Ова била највисоката свештеничка функција во римската вера, отворена само за патриции, до 254 п.н.е., кога за првпат на оваа функција дошол плебеец. Ова била јасно верска функција во раната Римска република, но полека таа се исполитизирала и во времето на Октавијан Август била вклучена во титулата Цар (Император). За последен пат титулата ја имал христијанскиот цар Грацијан додека не прешла во рацете на епископот на Рим.[1][2] Денес „Понтифекс максимус“ е една од титулите на Епископот на Рим како Папа на Католичката црква. Оваа титула редовно стои (меѓу останатите) на градби, споменици и монети, посветени или поинаку направени за време на извесен понтификат.