Попис на населението во Македонија (2021)
попис на населението во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија во 2021 година — статистичка операција која започнала на 5 септември и завршила на 30 септември 2021 година.[2]
Попис на населението, домаќинствата и становите во Македонија | ||||
---|---|---|---|---|
| ||||
Општи информации | ||||
Држава | Македонија | |||
Управа | Државен завод за статистика | |||
Мрежно место | Попис 2021 — ДЗС | |||
Резултати | ||||
Вкупно население | 1.836.713[1] (▼ 9,18 %) | |||
Статус | завршен |
Пописот првично требал да се оствари во април 2020 година, но потоа бил презакажан за април 2021 година, па повторно презакажан за септември. Пандемијата на КОВИД-19 во Македонија и нејзиниот непредвидлив тек на развој спречила успешен попис на почетокот на годината. Сепак, пописот бил успешно спроведен и завршен до крајот на септември 2021 година.[3]
Од 1 март 2021 година започнало самопопишување на дијаспората преку мрежното место на Државниот завод за статистика.[4] Самопопишувањето на дијаспората завршило со нерамномерен попис, така што најголем дел од самопопишаните биле од западноевропските земји, а помал број од прекуокеанските земји.
Првиот сет на податоци од пописот бил објавен на 30 март 2022 година, опфаќајќи податоци за вкупното резидентно и вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства. Во месеците што следат треба да бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските одлики на населението, за становите, за домаќинствата и така натаму.[5]