Постмодернизам
From Wikipedia, the free encyclopedia
Постмодернизам или постмодерна — правец во западната култура, во доменот на уметноста, книжевноста, филозофијата и архитектурата, особено популарен во 80-тите години на XX век како реакција на модернизмот, кој се одликува со комбинирање на стари и нови стилови.[1] [2][3][4]
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Терминот постмодернизам првпат го употребуваат Џон Воткинс Чапман во 1870 година, Џ.М. Томпсон во 1914 и Рудолф Панвиц во 1917 година. Терминот заживува во периодот околу 1920 година и се користи за новите појави во уметноста, подоцна и во архитектурата, филозофијата, итн. Постмодернизмот предизвикал голем број полемики, научни истражувања и анализи. Сè уште постојат различни толкувања како за користење на терминот, неговото значење, така и за неговиот придонес во надминувањето на колективната депресија во наведените области. Како основни одлики на постмодернизмот можат да се издвојат:
- реакција на потребата за напредок и објективноста кон кои тежнее модернизмот;
- верување дека сè е релативно и субјективно: искуството, моралот и културата;
- прифаќање на светските процеси за отстварување на идејата за глобално село со активна примена на децентрализација и плурализам;
- верување дека во светот доминираат мас-медиуми кои се неоригинални, несериозни и неодговорни, што предизвикува прифаќање на иронија и сатира како пригоден начин на изразување;
- претпочитање на стилска индивидуалност и стилски плурализам.
Постмодернизмот се одликува со негирање на објективната вистина и светската култура, акцентирајќи ја улогата на јазикот, моќните врски и мотивации, најстрого ги критикува острите поделби на мажи и жени, хетеросексуалци и хомосексуалци, бели и црни, власт наспроти колонијализам. Постмодернизмот ја поттикнува појавата на многу културни области како книжевната критика, лингвистиката, архитектурата, визуелните уметности и музиката. Постмодернистичкиот став е намерно отстапување од модернистичките пристапи, кои доминирале во минатото. Поимот постмодернизам произлегува од одбивањето на модерната научна психа што се развила за време на просветителството. Ако модернизмот се поврзува со идентитетот, единството, авторитетот и прецизноста, постмодернизмот се поврзува со разликата, разграничувањето,текстуалноста, скептицизмот.