Претседател на Европскиот Совет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Претседателот на Европскиот Совет — главен претставник на Европската Унија на светско ниво, и лицето кое претседава и ја насочува целата работа на Европскиот Совет. Оваа институција се состои од колегиум на шефовите на државите и владите на земјите-членки на ЕУ, како и Претседателот на Европската Комисија и обезбедува политички правец на Европската Унија. Сегашен Претседател Херман Ван Ромпај.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Претседател на Европскиот Совет | |
---|---|
Лого на Европскиот Совет | |
Седиште | Брисел, Белгија |
Назначувач | Европски совет |
Мандат | 2½ години, |
Прв функционер | Херман Ван Ромпуј |
Создадена | 1 декември 2009 |
Мреж. место | Претседател на Европскиот Совет |
Од 1975 година до 2009 година, шефот на Европскиот Совет претставуваше неофицијална позиција (често именуван како Претседател на Канцеларијата) на чело со шефот на државата или владата на земјата-членка кој го одржува полугодишното ротирачко претседателство на Советот на Европската Унија во кое било дадено време. Меѓутоа, од Договорот од Лисабон, член 15 од Договорот од Европската Унија тврди дека Европскиот Совет го назначува неговиот Претседател за две ипол-годишен мандат, со можност за едно обновување. Назначувањето, како и отстранувањето на функционери, бараат двојно поддржано мнозинство од Советот.
На 19 ноември 2009 година, Европскиот Совет се согласи негов прв Претседател во рамките на Договорот од Лисабон да биде Херман Ван Ромпај (Европска Народна Партија, Белгија). Ван Ромпај ја презеде функцијата кога Договорот од Лисабон стапи на сила на 1 декември 2009 со мандат до 31 мај 2012.[1]