Припитомување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Припитомување или скротување — процесот при кој популација на животни или растенија, преку процес на селекција, се навикнува на човечките услови и контрола. Одлика на припитомувањето е вештачката селекција од страна на луѓето. Луѓето ги довеле овие популации под нивна контрола и грижа од многу причини: да произведува храна или вредни артикли (како волна, памук или свила), за помош при различни типови на работа (како транспорт, заштита и борба), научни истражувања или едноставно да уживаат во нивното друштво или да ги користат како украси.
Припитомените растенија примарно за естетско уживање во и околу домовите обично се викаат куќни растенија или орнаменти, додека, пак, оние што се припитомуваат за обемно производство на храна се наречени жетви. Може да се направи разлика помеѓу оние припитомени растенија коишто се намерно изменети или избрани за одредена пожелна одлика (погледнете култиген) и оние припитомени растенија коишто во суштина не се многу различни од соодветните диви растенија (со претпоставка дека припитомувањето не значи физичка модификација). Животните припитомени за домашно друштво обично се наречени миленици, а оние што се припитомени за храна или работа стока или земјоделски животни.