![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d7/Economic-surpluses.svg/langmk-640px-Economic-surpluses.svg.png&w=640&q=50)
Производствен вишок
From Wikipedia, the free encyclopedia
Производствен вишок — поим во математичката економија којшто ја претставува разликата меѓу фактичката цена по којашто производителите ги продаваат своите производи и најмалата цена по којашто се подготвени да ги продадат. Ако производителите се подготвени да ги продадат своите производи по пониска цена од понудената цена на пазарот, тогаш тие имаат поголема корисност од продадениот производ отколку што инаку би го продале. Поимот бил воведен во употреба од страна на Алфред Маршал.[1]
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/d/d7/Economic-surpluses.svg/320px-Economic-surpluses.svg.png)
Најмалиот износ по којшто производителите се подготвени да продадат одредено количество на добро е збир од најмалата цена по којашто тие би ја продале првата единица, најмалата цена по којашто тие би ја продале втората единица итн. Карактеристично е тоа што овие цени имаат тенденција да растат и се претставени преку поединечната крива на понудата. При дадена цена, производителот го продава количеството за коешто вишокот е најголем, каде што производствениот вишок е збир од вишокот по којшто производителите се подготвени да продаваат под пазарната цена за сите единици. Производствениот вишок има најголема вредност при последната единица којашто производителите можат да ја продадат по пониска цена од пазарната. Агрегатниот производствен вишок се пресметува како збир од производствениот вишок на сите поединечни производители.