РЕК „Битола“
рударско-енергетски комбинат во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Рударско-енергетски комбинат „Битола“ (скратено РЕК „Битола“) — најголема подружница во составот на АД Електрани на Македонија и се наоѓа на периферијата на Пелагонија, во близина на градот Битола. Комбинатот, чија основна дејност е производство на електрична енергија и јаглен, е најголем во системот на македонското електростопанство. Комбинатот е составен од единиците ПЕ Рудници, односно рудникот „Суводол“ и рудникот „Брод-Гнеотино“, и ПЕ Термоелектрана, односно ТЕЦ „Битола“.[1]