РК Барселона
Шпански ракометен клуб / From Wikipedia, the free encyclopedia
РК Барселона — шпански ракометен клуб со седиште во Барселона, Каталонија, кој се натпреварува во АСОБАЛ Лигата. Поради спонзорство, моменталното официјално име на клубот е Барселона Ласса. Клубот бил основан на 23 ноември 1943 година, и денес е најуспешниот професионален клуб во светот во ракомет, според освоените титули на национално, европско и светско ниво.