РК Веспрем
Унгарски ракометен клуб / From Wikipedia, the free encyclopedia
РК Веспрем е унгарски ракометен клуб од Веспрем, кој игра во првата лига на Унгарија и во ЕХФ Лигата на шампионите. Како еден од најуспешните клубови во државата, Веспрем го освоил унгарското првенство рекордни 24 пати и го освоил унгарскиот куп на 25 наврати. Исто така клубот двапати бил победник во СЕХА лигата.
Кратки факти Телеком Веспрем, Целосен назив ...
Телеком Веспрем | |||
---|---|---|---|
Целосен назив | Кезилабда клуб Веспрем (Ракометен клуб Веспрем) | ||
Краток назив | Веспрем | ||
Основан | 1977 | ||
Игралиште | Веспрем арена, Веспрем | ||
Приемност | 5,096 | ||
Престедател | Јанош Шабо | ||
Главен тренер | Давид Давис | ||
Лига | Прва лига на Унгарија | ||
2018-2019 | 1. место (шампиони) | ||
Бои | |||
Клупски бои | |||
Дресови | |||
Мреж. место Матична страница |
Затвори
РК Веспрем е еден од трите унгарски клубови кои освоиле голем европски трофеј, последно во 2008 година, кога го победиле Рајн-Некар Левен во финалето на ЕХФ Купот на победниците на куповите.[1] Од 2016 година клубот е познат под името Телеком Веспрем, поради спонзорски причини.