Радован П. Цветковски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Радован П. Цветковски (3 септември 1931 — 23 јануари 2022 ) — македонски поет, раскажувач, книжевен критичар, писател за деца и млади и фолклорист.
Радован П. Цветковски | |
---|---|
Роден/а | 3 септември 1931 Сопотница, Демирхисарско |
Починат/а | 23 јануари 2022 |
Занимање | поет, есеист, книжевен критичар, научен работник и професор |
Националност | Македонец |
Роден е во Сопотница, Демирхисарско. Долго време бил во редакцијата на списанието „Развиток“ од Битола. Член е на Друштвото на писатели на Македонија, на Македонското научно друштво - Битола и на Друштвото на фолклористите на Македонија.[1] исто така, бил член на Советот на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија и еден од покренувачите на манифестацијата „Тумбе Кафе - кафе песна“ од 2011 година. Соработувал со повеќе македонски и странски списанија и весници: „Современост“, „Нова Македонија“, „Литературен збор“, „Раст“, „Стожер“, „Современи дијалози“ итн.[2]
Починал во 2022 година по кратко боледување.[3]