Радое Домановиќ
From Wikipedia, the free encyclopedia
Радое Домановиќ (Овсиште кај Топола, 16 февруари 1873 - 17 август 1908 Белград) — најистакнат писател на сатирични приказни во епоха на реализмот во српската книжевност.
Радое Домановиќ | |
---|---|
Роден/а | 16 февруари 1873 с. Овсиште (Топола), Кнежевство Србија |
Починат/а | 17 август 1908 Белград, Кралство Србија |
Занимање | писател, новинар |
Националност | Србин |
Период | 1893–1908 |
Жанр | лирика |
Книжевно движење | реализам |
Кога го завршил филолошкиот факултет на Високата школа во Белград, работел како професор по српски јазик и книжевност и историја. Политички бил активен како писател и публицист, соработник на опозициските весници.
Неговата професорска работа е типична за напреден интелектуалец во тоа време: постојано е отпуштан од работа, преместуван е од едно на друго место, за на крај да заврши како коректор на државните весници. Припаѓал на боемскиот круг со Милован Глишиќ и Јанко Веселиновиќ. Пред крај на неговиот живот, длабоко разочаран, живеел во тешка положба, во беда и немаштија, и умрел напуштен и очаен.