Расеан радиоизотоп
From Wikipedia, the free encyclopedia
Расеан радиоизотоп или радиоизотоп во траги — радиоизотоп кој природно се јавува во крајно мали количества („траги“). Овие радиоизотопи начелно имаат периоди на полураспад кои траат кратко во однос на староста на Земјата, бидејќи првобитните нуклиди се застапени во поголеми количества. Затоа расеаните радиоизотопи се присутни единствено бидејќи постојано се произведуваат во Земјата со природни процеси. Такви процеси се бомбардирањето на стабилни нуклиди со космички зраци, обичен алфа- и бета-распад на долговечните тешки нуклиди, ториум-232, ураниум-238 и ураниум-235, спонтано цепење на ураниум-238, како и трансмутациски реакции предизвикани од природна радиоактивност, како што е производството на плутониум-239[1] и ураниум-236[2] од неутронски зафат[3] на природен ураниум.