![cover image](https://wikiwandv2-19431.kxcdn.com/_next/image?url=https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/ff/Flag_of_Ethiopia_%25281897%25E2%2580%25931974%2529.svg/langmk-640px-Flag_of_Ethiopia_%25281897%25E2%2580%25931974%2529.svg.png&w=640&q=50)
Растафаријанство
From Wikipedia, the free encyclopedia
Растафаријанство — монотеистичко, Авраамско, религиозно[1] или социјално движење[2], кое се развило во христијанската култура во Јамајка во 1930-тите години[3][4]. Приврзаниците чиј култ е Хајле Селасие, поранешен Цар на Етиопија (1930-1936 и 1941-1974)[5], се наречени Растафаријани или Расти.
![Thumb image](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/f/ff/Flag_of_Ethiopia_%281897%E2%80%931974%29.svg/640px-Flag_of_Ethiopia_%281897%E2%80%931974%29.svg.png)
Движењето понекогаш е нарекувано и „Растафаријанизам“, но овој термин некои Расти го сметаат за понижувачки и навредлив, кои не сакаат да бидат обележувани со наставката „изам“ Дел од учените, движењето го нарекуваат секта,[6], додека некои го поврзуваат со култ [7], додека пак Енис Едмундс го карактеризира како ревитализациско движење[2] . Растафаријанството не е високо организирана религија: тоа е движење и идеологија. Многу Растафаријани велат дека тоа воопшто не е религија, туку „начин на Живеење“[8][9]. Повеќето Растафаријани не признаваат никакви секти и вероисповести, па така се охрабруваат едни со други да најдат верба и инспирација во самите себе.
Името растафаријанството е преземено од Рас Тафара, предвладеечката титула на Хајле Селасие, составено од Амхарик Рас (во превод „Глава“, етиопски еквивалент на Војвода) и од презимето на Свети Селасие, Тафари[10]. Растафаријаните се истакнати по тоа што тврдат дека Свети Селасие, поранешниот и последен етиопски цар, е друга инкарнација на христијанскиот Бог, наречен Џа. Тие го гледаат Свети Селасие како Џа или Џа Растафари, кој е Второ пришествие на Исус Христос на земјата[11][12].
Растафаријанството вклучува и активности како спиритуално конзумирање на канабис[13] и отфрлање на западното општество (наречено Бабилон, кое повеќе се однесува на христијанскиот метафоричен Бабилон, отколку на месопотамската град-држава)[14]. Ја прокламира Африка (исто така наречена „Зајон“) како родно место на човечкиот вид.
Денес, сознанието за растафаријанството е распространето низ целиот свет, преку заинтересираноста која ја предизвикала реге музиката- најевидентно од страна на јамајскиот пејач и композитор Боб Марли. До 1997, имало околу милион верни Растафаријани низ светот. Од пет до десет проценти од Јамајчаните се произнесуваат како Растафаријани.