Почва
мешавина од органски материи, минерали, гасови, течности и организми што заедно создаваат почвии влијаат на нивните својства / From Wikipedia, the free encyclopedia
Почва — површинскиот слој од литосферата на Земјата кој најчесто е плоден и претставува повеќефункционален хетероген и отворен четирифазен структурен систем кој се образува со раздробување на карпите и животната активност на организмите.[1] Таа се смета за посебна природна мембрана (биогеомембрана) што го регулира заемодејството меѓу биосферата, хидросферата и атмосферата на Земјата. Почвата се образува под влијание на климата, релјефот, првобитниот почвообразувачки материјал (родителски материјал или матичен супстрат), но исто така и од микроорганизмите и останатите живи организми. Почвата се менува со текот на времето.
Според ГОСТ 27593-88, почвата е независно природно-историско органоминерално природно тело кое се создало на површината на Земјата како резултат на долготрајното изложување на биотичките, абиотичките и антропогените чинители, кое се состои од тврди минерални и органски честички, вода и воздух и кое има специфични генетско-морфолошки својства создадени за растот и развитокот на растенијата при соодветни услови.[2]
Со изучување на почвата се занимава педологијата (понекогаш се употребува поедноставниот поим — наука за почвите).