Рајан Гослинг
From Wikipedia, the free encyclopedia
Рајан Томас Гослинг (роден на 12 ноември 1980 година) e канадски глумец, режисер, сценарист и музичар. Својата кариера тој ја започнал уште како дете во детската серија Клубот на Мики Маус (1993–1995) која се емитувала на каналот Дизни. Потоа тој глумел во семејните забавни серии Се плашите ли од темнината? (1995) и Младиот Херкулес (1998–1999). Неговата прва значајна улога била во филмот Верникот (2001) во кој глуми еврејски нео-нацист, а потоа изградил углед глумејќи во независните филмови Убиство по броеви (2002), Правило на најсилните (2002), и Соединетите Лиландски Држави (2003).
Рајан Гослинг | |
---|---|
На Канскиот филмски фестивал во 2014. | |
Роден(а) | Рајан Томас Гослинг 12 ноември 1980(1980-11-12) (43 г.) Лондон, Онтарио, Канада |
Живеалиште | Лос Анџелес, Калифорнија, САД |
Националност | Канаѓанец |
Занимање | глумец, режисер, продуцент, сценарист, музичар, стопанственик |
Активен период | 1993–сè уште |
Партнер | Ева Мендес (2011–сè уште) |
Деца | Едно |
Во 2004 година, Гослинг ѝ го одземал вниманието на пошироката јавност со главната улога во романтичната драма Бележникот, за која добил четири Teen Choice награди и една МТВ филмска награда. Неговата изведба на професор кој е зависник од дрога во филмот Полу-Нелсон (2006) му донела номинација за Оскар а за улогата во филмот Ларс има девојка (2007) бил номиниран за наградата Златен глобус.
По тригодишна пауза од глумата, Гослинг во 2010 година глумел во филмот Тажна врска, со што заработил втора номинација за Златен глобус. Следната година била од големо значење за неговата глумечка кариера, бидејќи тој глумел во три успешни филмови - романтичната комедија Таа луда љубов, политичката драма Мартовски иди и акцискиот трилер Возач – и добил две номинации за Златен глобус. Во 2013, тој глумел во криминалистичките филмови Гангстерски одред и Местото зад боровите, и во трилерот Само Бог простува.
Музичката група на Гослинг, Коските на мртвиот човек (Dead Man's Bones), го издала нивниот прв и засега единствен албум во 2009 година, и истата година имале турнеја низ Северна Америка. Тој е еден од сопствениците на „Тагине“, марокански ресторан во Беверли Хилс, Калифорнија. Тој јавно поддржува неколку непрофитни организации, и патувал во Чад, Уганда и источно Конго со цел да го сврти вниманието на јавноста кон конфликтите кои постојат во тие региони