Чад
земја во централна Африка / From Wikipedia, the free encyclopedia
Чад (француски: Tchad, арапски: تشاد Tshād) или службено Република Чад — држава во Северна Африка без излез на море. Државата граничи со Либија на север, Судан на исток, Централноафриканската Република на југ, Камерун и Нигерија на југозапад и Нигер на запад. Поради немањето на излез на море и со воглавно пустинска територија, Чад често се нарекува „мртвото срце на Африка“.
Република Чад |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Гесло: Unité, Travail, Progrès (француски) „Единство, Работа, Прогрес“ |
||||||
Химна: La Tchadienne |
||||||
Локација на Чад
|
||||||
Главен град (и најголем) | Нџамена 12°06′N 15°02′E | |||||
Службен јазик | француски, арапски | |||||
Демоним | Чаѓанец | |||||
Уредување | унитарна република под воена диктатура | |||||
• | в.д. претседател | Махамат Деби | ||||
• | Премиер | Салех Кебзабо | ||||
• | Подпретседател | Џимадум Тираина | ||||
Законодавство | Преоден воен совет | |||||
Независност | од Франција | |||||
• | Колонија | 5 септември 1900 | ||||
• | Автономија | 28 ноември 1958 | ||||
• | Суверенитет | 11 август 1960 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 1.284.000 км2 (20.) | ||||
• | Вода (%) | 1.9 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2023 г. | 18.523.165[1] (66.) | ||||
• | Попис 2009 г. | 11.039.873 | ||||
• | Густина | 14.4 жит/км2 | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2023 г. | |||||
• | Вкупен | $12.596 мил.[2] (147.) | ||||
• | По жител | $702[2] (179.) | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2023 г. | |||||
• | Вкупно | $12.596 мил.[2] (145.) | ||||
• | По жител | $702[2] (183.) | ||||
Џиниев коеф. (2018) | 37.5 среден |
|||||
ИЧР (2021) | ▼ 0.394[3] низок · 190. |
|||||
Валута | CFA франк (XAF ) |
|||||
Часовен појас | WAT (UTC+1) | |||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .td | |||||
Повик. бр. | +235 |
Чад е поделен на три големи географски региони: пустинска зона на север, Сехал во центарот и суданската савана на југ. Езерото Чад, според кое доаѓа и името на државата, е најголема водена површина во земјата и второ најголемо езеро во Африка. Највисок врв во Чад е Еми Куси во Сахара, додека најголем град е главниот град Нџамена. Во Чад живеат над 200 етнички заедници и јазични групи. Службени јазици се францускиот и арапскиот јазик.
На почетокот на 7 милениум п.н.е. големи групи луѓе се преселиле кон чадскиот басен. Во 1 милениум п.н.е. се појавиле и првите држави или организирани општествени групи. Во 1920 година Франција ја окупирала територијата и ја приклучила кон колонијата Француска Екваторска Африка.
Во 1960 година Чад се стекнал со независност под водство на Франсоа Томбалбаје. Набрзо избувнала граѓанската војна во Чад во 1965 година која траела долго.
Иако Чад има многу политички партии, моќта во земјата е во рацете на претседателот Идрис Деби и неговата Патриотско движење за спас.