Саат-кула (Битола)
саат-кула во Битола / From Wikipedia, the free encyclopedia
Саат-кулата во Битола — времемерно здание во градот Битола и една од најпознатите негови знаменитости.[1] Не се знае точно кога е изградена, иако постојат пишани извори од XVI век кои споменуваат саат-кула, но не е утврдено со сигурност дали се работи за истата градба. Многумина веруваат дека е изградена во исто време со црквата „Св. Димитрија Солунски“, односно во 1830 година.
Саат-кула | |
---|---|
Поглед на Саат-кулата во Битола | |
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Македонија Битола" does not exist | |
Општи податоци | |
Место | Битола |
Земја | Македонија |
Координати | 41°01′50″N 21°20′02″E |
Висина | 32 м |
Саат-кулата за многумина претстава еден од најважните симболи на градот Битола. Сместена е во Градскиот парк, во срцето на Битола, на просторот помеѓу црквата „Св. Димитрија“ и Јени-џамијата, на некогашниот „Пекмез-пазар“. Паркот е собиралиште за младите жители на градот, како и едно од најпосетените места од страна на туристите. Паркот е исто така место каде што граѓаните за време на Бадниковата вечер го чекаат Божиќ и палат свеќи за здравје, долж тревникот и тротоарот на паркот каде што е кулата.