Сага за Ерик Црвениот
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сага за Ерик Црвениот (исландски: Eiríks saga rauða) — исландска сага за патувањата на викинзите во Северна Америка. Сагата ги раскажува настаните што довеле до прогонство на Ерик Црвениот, како тој го открил Гренланд и основал населба таму, откривањето на Винланд од страна на Лејф Ериксон, синот на Ерик Црвениот за време на патувањето кога викиншкиот брод на Лејф излетал од правецот, како и животот и експедициите на Торфин Карлсефни и неговата жена Гудрид. Оваа сага е една од винландските саги посветена на откривањето на Америка многу години пред Колумбо.[1][2]
Сагата го следи историскиот период од X до XI век, напишана е многу подоцна од настаните на кои се однесува, но веројатно пред 1265 г. Таа е една од двата книжевно-историски ракописи (покрај Сагата за Гренланѓаните).