Салиски закон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Изразот Салиски закон (латински: Lex Salica) се однесува на две сосем различни вистини.
- Во раниот среден век, тоа е законски кодекс кој, според историчарите, бил изготвен меѓу почетокот на 4 и 6 век за Франките наречени « Салијци », на кои Хлодовик им бил еден од првите кралеви. Овој кодекс, напишан на латински, и кој во себе содржел доста позајмици од римското право [1], меѓу останатото пропишал и правила кои треба да се следат во однос на наследството во рамки на овој народ.
- Повеќе векови после Хлодовик, во текот на 14 век, еден член од овој закон бил откопан, изолиран од неговиот контекст, употребен од правниците на кралската династија Валоа за да ја оправда забраната на жените да го наследуваат престолот на Франција. На крајот на средновековието и на почетокот на модерната историја, изразот Салиски закон ги опишува правилата за наследство на престолот на Франција. Овие правила биле потоа имитирани и во други европски кралски монархии. Лишувањето на жените од власт преку овој закон се потпира на одреден број грешни толкувања, на лаги и на извртувања на историјата[2], а сето тоа предизвикало и отпори и конфликти уште во 13 век.