Самоопределување
From Wikipedia, the free encyclopedia
Правото на народите за самоопределување е императивен правен принцип во современото меѓународно право (кое се сметa за правилото и нормата од типот jus cogens[1])
Концептот за првпат бил развиен развиен уште пред времето на Француска Буржоаска револуција, односно во 1860-те, и потоа се проширил брзо.[2][3] За време и по Првата светска војна принципот бил поттикнат од страна на Владимир Ленин и американскиот претседател Вудро Вилсон.[2][3] Откако ги објавил своите Четиринаесет точки на 8 јануари 1918 година, на 11 февруари 1918 година, Вилсон изјавил: „Националните аспирации мора да се почитуваат; луѓето сега можат да бидат доминирани и управувани само со нивна согласност. 'Самоопределувањето' не е само ништожна фраза, туку императивен принцип на дејствување и императивна правна норма.“[4]
Принципот на самоопределување е правно содржан во ставот 2. од членот 1.[5] и членот 55.[6] на Повелбата на Организацијата на Обединетите Нации. Покрај во Повелбата на ООН истиот принцип како највисоката задолжителна правна норма е содржан и во двата основнои Пакта на ОН за човековите права [7][8]. Во Пактот за граѓански и политички права во членот 1. во ставот 1. се вели: „Сите народи имаат право на самоопределување. Врз основа на ова право, секој народ слободно го одредува своето политичко уредување и слободно го остарува својот економски, социјален и културен развој." [9] Истата формилација наогаме и во Пактот за економски, социјални и културни права, во членот 1, став 1. Од ова формилација забешежуваме дека правото на самоопределување како највисока jus cogens норма се однесува и на народите и на државите, кои се суверени мегународно-правни субјекти [10]