Сан Антонио Спарс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Сан Антонио Спарс (англиски: San Antonio Spurs) е професионален кошаркарски тим со седиште во градот Сан Антонио, Тексас. Тие се членови на Југозападната дивизија од Западната Конференција во НБА. Клубот бил основан во Далас, но во 1973 година се преселил во Сан Антонио, а од 1976 настапува во НБА лигата.
Сан Антонио Спарс | ||||||
Конференција | Западна Конференција | |||||
Дивизија | Југозападна дивизија | |||||
Основан | 1967 | |||||
Историја | Сан Антонио Спарс (1976-сѐ уште) | |||||
Арена | АТ&Т Центар | |||||
Град | Сан Антонио | |||||
Тимски бои | ||||||
Сопственик/ци | Питер Холт | |||||
Генерален менаџер | Р. С. Бафорд | |||||
Тренер | Грег Попович | |||||
Шампиони | 4 (1999, 2003, 2005, 2007,2014) | |||||
Конференциски титули | 5 (1999, 2003, 2005, 2007, 2013) | |||||
Дивизиски титули | 19 (1978, 1979, 1981, 1982, 1983, 1990, 1991, 1995, 1996, 1999, 2001, 2002, 2003, 2005, 2006, 2009, 2011, 2012, 2013) | |||||
Пензионирани броеви | 7 (00, 6, 12, 13, 32, 44, 50) | |||||
Мрежно место | spurs.com | |||||
|
Оваа организација има освоено пет шампионски пехари,[1] со што е четвртата најуспешна франшиза на сите времиња во американската професионална кошарка. Во нивното повеќедецениско учество во елитната кошаркарска лига, само четири пати се немаат пласирано во плеј-оф завршницата. Тие ја држат најдолгата низа на последователни плејоф учества (16), како и најдолгата низа на сезони со преку 50 победи во регуларниот дел (14).[2]
Тимот од клупата го предводи Грег Попович. Спарс имаат долга играчка традиција, но можеби најпознато дуо во нивната историја е центарскиот двоец Дејвид Робинсон и Тим Данкан, познат и како „кулите Близначки“. По пензионирањето на Робинсон, на сцена стапила „големата тројка“ сочинета од Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили. Овие тројца играчи биле носечкиот столб на екипата во изминатата деценија, во која четири пати играле во големото финале.
Низ текот на годините, Спарс израснале во силни конкуренти на Лос Анџелес Лејкерс и Далас Маверикс за доминација на Западот. Во новиот милениум, само овие три екипи ја претставувале Западната Конференција во Битката за шампионскиот прстен.[3]