Светска турнеја на UCI 2014
From Wikipedia, the free encyclopedia
Светска турнеја на UCI 2014 — шесто издание на системот за рангирање започнат од Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) во 2009. Серијата започнала со Тур Даун Андер на 21 јануари и завршила со последната етапа на Трката околу Пекинг на 14 октомври.
Четврто издание на Светска турнеја на UCI | |
Поединости | |
---|---|
Датуми | 21 јануари - 14 октомври |
Места | Европа, Канада, Австралија и Кина |
Трки | 29 |
Прваци | |
Поединечен пласман | Алехандро Валверде (ШПА) (Мовистар Тим) |
Екипен пласман | Мовистар Тим |
Државен пласман | Шпанија |
← 2013 2015 → |
По победата на UCI ProTour 2008, Шпанецот Алехандро Валверде ја освоил првата поединечна титула во Светската турнеја, освојувајќи 686 бодови во текот на сезоната. Возачот на Мовистар Тим завршил 66 бода пред најблискиот соперник и сонародник Алберто Контадор од Тинкоф-Саксо, додека австралискиот возач Сајмон Геранс бил трет за екипата Орика-ГринЕЏ, но имал над 200 бода помалку од Валверде. Во екипниот пласман, Мовистар Тим завршиле први втора година по ред со вкупно 1440 бода. Второпласирани биле Ванти-Груп Гобер откако ги освоиле двете од трите последни трки во сезоната, додека Тинкоф-Саксо завршиле на третото место. Националниот пласман бил удобно предводен од Шпанија во текот на целата сезона и на крајот имале 764 бода пред Италија.