шпански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Алехандро Валверде Белмонте (шпански: Alejandro Valverde Belmonte; р. 25 април 1980 во Лас Лумбрерас, Мурсија) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Мовистар Тим.[3] Најголемите победи на Валверде се случиле на Вуелта а Еспања во 2009, Критериум ди Дофине во 2008 и 2009, Трка околу Баскија во 2017, Волта а Каталуња во 2009, 2017 и 2018, Лиеж-Бастоњ-Лиеж во 2006, 2008, 2015 и 2017, Флеш Валон во 2006, 2014, 2015, 2016 и 2017, Класика де Сан Себастијан во 2008 и 2014, светската серија UCI ProTour 2006 и UCI ProTour 2008, Светските турнеи во 2014 и 2015 и друмската трка на Светското првенство 2018.
Валверде на Светското друмско првенство 2018 | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Алехандро Валверде Белмонте | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Прекар | Балаверде (Зелен куршум) Ел Бала (Куршумот) Ел Имбатидо (Непобедниот) | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Роден | 25 април 1980 Лас Лумбрерас, Шпанија | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Висина | 1,77 м[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Маса | 61 кг[1] | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||||||||||||||||||||
Мом. клуб | Мовистар Тим | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач[2] | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||||||||||||||||||||
2002–2004 2005–2010 2012– | Келме-Коста Бланка Илес Балеарс-Банесто Мовистар Тим | ||||||||||||||||||||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Последна промена 3 мај 2020 |
Вкупно, Валверде има 123 професионални победи. Пред неговата победа на Светското првенство, го држел рекордот на освоени медали на светските првенства – двапати го освоил сребрениот медал на светските првенства, во 2003 и 2005 година, како и бронзениот четири пати во 2006, 2012, 2013 и 2014. До 2019 година, Валверде завршил деветнаесет пати меѓу првите десет на големите трки. Валверде е еден од ретките, кој комбинира различни специјалности во друмскиот велосипедизам, станувајќи силен специјалист за искачување, спринтер и добар на хронометри.
По долгата судска битка бил суспендиран на две години како дел од истрагата Операција Пуерто, но се вратил на натпреварувањата во 2012 година, откако му завршила суспензијата. Сите негови резултати од 2010 година биле избришани, вклучувајќи ја и победата на Тур де Романди 2010 и не настапувал во 2011 година.
Валверде доаѓа од велосипедско семејство, неговиот татко Хуан бил аматерски велосипедски возач и му купил велосипед, кога бил шестгодишен.[4] Неговиот брат Хуан Франсиско исто така бил аматерски друмски велосипедист. Првата трка на Валверде била во Хумилја, во неговиот регион Мурсија, каде завршил втор. Следната недела ја освоил неговата втора трка во Јекла.[5] Наводно тој освоил повеќе од педесет последователни победи помеѓу 11 и 13 години, заработувајќи го прекарот El Imbatido (Непобедениот).[6]
Поради неговите бројни победи, на Валверде му било понудено да вози за елитната аматерска екипа Банесто со седиште во Навара, малку оддалечена од неговиот дом во Мурсија. Можеби поради исцрпеноста од патувањето дома секој викенд, неговите резултати се влошиле додека бил со екипата.[6]
Тој се преместил во професионалната екипа Келме и бил трениран од Франсиско Моја, кој му помогнал да стане подобар велосипедист. Келме исто така му ветиле дека ќе му дозволат да се премести во професионалната екипа, доколку покаже добри резултати. На крајот на првата сезона со аматерската екипа Келме, тие му понудиле да се премести во професионалната екипа.[6]
Валверде станал професионалец во 2002, кога потпишал договор со шпанската екипа Келме-Коста Бланка, каде останал до крајот на сезоната 2004. Во текот на неговиот престој во Келме тој имал пробив на Вуелта а Еспања во 2003, каде освоил две етапи и завршил трет во генералниот пласма. Таа година, тој исто така ги освоил Вуелта а Мајорка и етапа на Вуелта ал Паис Васко и други шпански трки, како што се ГП Примавера и ГП Вилјафранка де Ордизија. Ја завршил сезоната со второ место на Светското друмско првенство 2003 зад Игор Астарлоа, откако победил во спринтот пред Петер ван Петегем и Паоло Бетини.[7]
Во сезоната 2004, тој одлучил да остане во Келме и покрај финансиските проблеми на екипата и понудите од други екипи. Ги освоил Волта а ла Комунитат Валенсијана, Вуелта а Мурсија, етапи на Вуелта ал Паис Васко, Вуелта а Бургос и четвртото место на Вуелта а Еспања 2004. Иако освоил етапа на Вуелта, тој бил повреден во несреќа, па бил приморан да ги намали неговите амбиции за генералниот пласман.[8] Исто така, учествувал на Летните олимписки игри.
Валверде му се придружил на UCI ProTeam Илес Балеарс-Кес д’Епарњ во 2005.[9] Тој ја освоил последната етапа на Париз-Ница и завршил втор во генералниот пласман зад Боби Јулих. Исто така освоил и две етапи на Вуелта ал Паис Васко. На неговото прво појавување на Тур де Франс ја освоил 10. етапа од Тур де Франс пред Ленс Армстронг, кого го победил во спринтот во Куршевел на крајот од планинската етапа во Алпите.[10] По 12. етапа, тој бил на петтото место во генералниот пласман, 3 минути и 16 секунди зад Ленс Армстронг. Исто така, тој водел во пласманот за млад возач (бела маичка), со 3 минути и 9 секунди пред колегата на Армстронг Јарослав Попович.[11] Меѓутоа, Валверде бил приморан да се повлече од трката на 13-тата етапа, поради повреда на коленото. Валверде скоро се повратил на време за Светското велосипедско првенство UCI во Мадрид, Шпанија. Повредата на Оскар Фреир, кој бил капетан на шпанската репрезентација, го приморала да стане водач, и покрај тоа што имало само еден ден пред Светското првенство. Неверојатно, но тој бил способен да биде конкурентен и завршил втор зад победникот Том Бонен.[12]
Во 2006, Валверде освоил етапа на Вуелта ал Паис Васко, завршувајќи втор во генералниот пласман, истовремено освојувајќи го и бодовниот пласман. Потоа ги завршил престижните два пролетни класика, победувајќи на Флеш Валон и четири дена подоцна и на Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Потоа, Валверде освоил етапа на Тур де Романди, завршувајќи трет во крајниот пласман. Валверде планирал предизвик на Тур де Франс 2006 и изјавил дека се надева на победа во иднина. Заминал во велосипедската фабрика Пинарело во Тревизо, Италија, да ги подобри неговите резултати во хронометрите. Всушност, тој започнал меѓу фаворитите на Тур де Франс по откажувањето на Јан Улрих и Иван Басо, поради истрага за допинг. Меѓутоа, на третата етапа на Тур де Франс 2006, Валверде имал несреќа и морал да го напушти Тур де Франс, поради фрактура на десната клучна коска. Неговата амбиција за победа на Гранд Тур се префрлила на Вуелта, подоцна истата година.
Валверте влегол на Вуелта 2006, како врвен фаворит. Откако не го возел целиот Тур де Франс, тој бил во подобра кондиција од некои други кандидати за победа: Меншов (бранителот на титулата) и Састре, обајцата завршиле во првите 10 на Тур де Франс 2006 и било очекувано дека ќе имаат одреден замор. Валверде ја освоил седмата етапа и доминирал на планинските етапи, заработувајќи ја златната маичка по деветтата етапа. Меѓутоа, Валверде ја загубил маичката, поради агресивното искачување и напаѓање од Александар Винокуров. Во последниот хронометар, Валверде повторно изгубил време од Винокуров и морал да се задоволи со второто место во генералниот пласман, неговиот втор подиум на Гранд Тур. По неговото импресивно издание на Вуелта, Валверде не освоил ниедна друга поголема титула, победувајќи на UCI ProTour 2006 со неколку големи трки останати на календарот, но неговото водство било недостижно. На Светското првенство 2006, Валверде бил сметан за еден од фаворитите за титулата. Иако тој не победил, сепак го освоил третото место, т.е. бронзениот медал.
Ја започнал 2007 со освојување на генералните пласмани на Волта а ла Комунитат Валенсијана и Вуелта а Мурсија. На четвртата етапа од Вуелта а Мурсија, Валверде го освоил неговиот прв поединечен хронометар.[13] Исто така завршил трет на Критериум Интернационал и петти на Вуелта ал Паис Васко. На Арденските класици, го зазел второто место на обете Флеш Валон и Лиеж-Бастоњ-Лиеж, не успевајќи да го повтори успехот од сезоната 2006. На Тур де Франс 2007, Валверде бил гледан како еден од фаворитите за жолтата маичка, сè до катастрофалниот поединечен хронометар, кој ги уништил неговите шанси за борба за генералниот пласман. Сепак завршил шести во генералниот пласман, доцнејќи 11 минути, така завршувајќи го неговиот прв Тур де Франс, откако не успеал да ја заврши трката во 2005 и 2006. Тој одлучил да не учествува на Вуелта а Еспања, со цел да се подготви за Светското друмско првенство.[14] На 29 август 2007, UCI објавил дека Валверде не смее да се натпреварува на Светското друмско првенство во Штутгарт, поради неговите можни дејствија во истрагата за допинг „Операција Пуерто“ за да ја заштити атмосферата и угледот на светските првенства.[15] UCI, исто така, ја повикал Шпанската велосипедска федерација (RFEC) да отвори дисциплинарна постапка против возачот, но RFEC одбила да го прифати барањето на UCI, велејќи дека нема нов доказ против него. RFEC, исто така, го вклучила Валверде во нејзината екипа за Светските првенства.[16] Предметот бил разгледуван од Арбитражниот суд за спорт, кој дозволил учество на Валверде на Светското друмско првенство.[17]
Во 2008, Валверде покажал силна форма во пролетта. По освојувањето на Вуелта а Мурсија, Валверде бил фокусиран на тренирањето. Ја објавил неговата подготвеност со завршувањето на подиум во Класика Примавера и триумфот на Париз-Камамбер. Овие успеси ги предвиделе извонредните резултати на Арденските класици: подиум на Амстел Голд Рејс и победа на Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Валверде исто така го освоил и Критериум ди Дофине Либере 2008 и шпанското национално друмско првенство во јуни. На 5 јули, Валверде ја освоил првата етапа на Тур де Франс 2008. Неговата форма попуштила на Пиринеите и откако паднал на Кол де Турмале, така губејќи 5 минути и 52 секунди од етапниот победник Леонардо Пиеполи, губејќи ја надежта за завршување на подиумот. Тој се покажал подобро на Алпите и се надевал на завршувањето во првите десет. На Алп д‘Ез се покажало дека работел заедно со Тим ЦСЦ со цел да го елиминира Кедел Еванс. По Тур де Франс, извојувал силна победа на Класика де Сан Себастијан 2008, водејќи во спринтот и држејќи ги на растојание Александар Колобнев и Давиде Ребелин. Подоцна, на Вуелта а Еспања 2008, започнал силно, освојувајќи ја втората етапа и носејќи ја маичката за генерален пласман на третата. Првата недела бил на главните позиции. Меѓутоа, загубил околу две минути на многу влажната етапа до Саунсес и ги изгубил шансите за подиум. Меѓутоа, завршил на четвртото место со извонредни резултати, вклучувајќи го и возењето на Англиру, каде единствено бил надминат од Алберто Контадор и потоа со добар резултат на планинскиот хронометар. Пред учеството на Светското друмско првенство во Варезе, тој бил математички прогласен за победник на UCI ProTour 2008, со што ја освоил втората победа во четирите изданија на натпреварувањето.
Валверде ја започнал 2009 во добра форма со освојување на бодовниот и планинкиот пласман на Вуелта а Кастиља и Леон, каде завршил деветти со две етапни победи. Не можел да ги повтори неговите успеси во последните неколку години во пролетните класици, па така завршил седми на Флеш Валон. Тој ги освоил Класика Примавера и Волта а Каталуња, со што ги оставил оние разочарувања позади него. За заканата да не се трка на Тур де Франс, која висела над него, тој се натпреварувал на Критериум ди Дофине Либере надевајќи се да ја докаже неговата вредност. Тој постојано низ двата хронометри останал во врска со водачите на трката, пред да заврши втор на Мон Венто, каде и го презел водството во генералниот пласман. Иако, Кедел Еванс постојано го напаѓал него во последните денови, тој останал да води, со помошта на неговиот сонародник Алберто Контадор, да ја зачува жолтата маичка. Врз основа на овие успеси, тој ја обжалил неговата забрана од италијанските власти пред Арбитражниот суд за спорт во надеж за тркање на Тур де Франс. На 20 септември 2009, Валверде ја освоил првата победа во генералниот пласман на Вуелта а Еспања 2009.[18]
Сите резултати од 2010 биле повлечени, поради неговото суспендирање.
Валверде повторно се вратил на групата, во текот на Тур Даун Андер 2012, првата трка од сезоната 2012 на Светската турнеја на UCI.[19] Тој ја освоил петтата етапа во трката - кралската етапа на настанот - бил подобар во спринтот со возачот на ГринЕЏ Сајмон Геранс,[20] и завршил втор во генералниот пласман.[21] Ја заработил неговата прва победа во генерален пласман, со освојувањето на Вуелта а Андалусија во февруари,[22] истовремено освојувајќи ја кралската етапа во текот на трката. Валверде исто така завршил трет на Париз-Ница и со освојувањето на етапата 3 покажал добра форма за претстоечкиот Тур де Франс. На Тур де Франс возел мирно во главната група до етапата 17, кога се задржал најмногу од членовите на бегството. Тим Скај скоро да го достигнал, на крајот завршувајќи со предноста од само 19 секунди. Оттука Валверде ја освоил 4. етапа на Тур де Франс во неговата кариера.
Валверде влегол на Вуелта а Еспања како придружник на бранителот на титулата Хуан Хосе Кобо во екипата Мувистар.[23] Меѓутоа, Валверде набрзо станал водач на екипата, кога станало јасно дека Кобо не е во врвна форма.[24] Неговата екипа Мувистар започнала со победа на првата етапа, екипен хронометар, на Вуелта.[25] Валверде го презел водството во генералниот, бодовниот и комбинираниот пласман по освојувањето на Етапа 3, на која постојано бил во потера по нападите на Алберто Контадор и го поминал Хоаким Родригес на целта.[26] Постепено го губел водството од Родригес, но победил на осмата етапа во Андора. Алберто Контадор се одвоил од малата водечка група и изгледало како да е на чекор до победа, но Родригес и Валверде го поминале на помалку од 100 метри пред крајот, каде на крајот Валверде победил.[27] На крајот, Валверде завршил на второто место на Вуелта, откако бил постојана закан за водачот, најпрвин за Родригес до етапата 17 кога Контадор стигнал сам до победа и го преземал водството,[28] кое Родригес не можел да го достигне. Исто така, Валверде му ги одзел маичките во бодовниот и комбинираниот пласман на последната етапа во Мадрид со неговото шесто место.[29]
Валверде морал да се задоволи со бронзен медал на Светските првенства во Фалкенбург, бидејќи не можел да го достигне Филип Жилбер, кој нападнал на последното искачување на Кауберг. Тој бил првиот во групата од 27 возачи, кои имале пет секунди доцнење за Белгиецот, кога ја поминал целта.[30] Требало да учествува на Џиро ди Ломбардија, но утрото пред почетокот на трката објавил дека боледува од грип и со тоа ставил крај на сезоната 2012.[31]
Како и во 2012, Валверде го освоил генералниот пласман на Вуелта а Андалусија во 2013, каде го освоил и бодовниот пласман.[32] Валверде продолжил да покажува добра форма откако завршил на подиум на Вуелта а Мурсија, Амстел Голд Рејс и Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Откако имал солидна пролетна сезона, Валверде целел на место на подиум на Тур де Франс.[33] Валверде започнал на Тур во добра форма откако завршил трет на Акс3 Домен зад Крис Фрум и Ричи Порт. Меѓутоа, следниот ден, Порт изгубил над 15 минути, со што Валверде се поместил на второто место во генералниот пласман пред трката да ги напушти Пиринеите. На етапата 13, Валверде изгубил скоро десет минути откако му се дупнала гума. И покрај силната потера, јаките крстоносни ветрови и темпото на групата го спречиле да се врати назад во групата. Завршил со втората група и со тоа излегол од првите десет.[34] И покрај тоа што го загубил второто место, Валверде успеал да има добри резултати на Алпите со што се вратил во првите десет во генералниот пласман, завршувајќи на крајот како осми.[35]
На Вуелта а Еспања, по етапата 10, Валверде бил четврти во генералниот пласман со минута за предводникот на трката Крис Хорнер. Меѓутоа, на следната етапа, се поместил на третото место откако завршил осми на хронометарот. На етапата 14, на влажен спуст, Валверде отпаднал од главните фаворити за генералниот пласман на последното искачување со минута задоцнување. Успеал да го намали неговото задоцнување на последното искачување, но сепак не доволно за да стигне до нив. На шеснаесеттата етапа, успеал да им земе неколку секунди на Нибали и Хорнер. На претпоследната етапа влегол како предводник на трката. Стигнал трет на етапата која завршувала на стрмниот Англиру, обезбедувајќи си место на подиумот, една минута и 36 секунди зад победникот на трката Крис Хорнер.[36] На Светското друмско првенство го зазел третото место, иако бил критикуван што не успеал да го следи нападот на Португалецот Руј Кошта.[37] На крајот, Кошта го достигнал и го отспринтал Хоаким Родригес, сонародник и колега на Валверде.
На Тур де Франс Валверде завршил на четвртото место во генералниот пласман. На 2 август 2014 година, Валверде ја освоил еднодневната трка Класика де Сан Себастијан по вторпат во неговата кариера. Ја освоил првата етапа со планинска завршница на Вуелта а Еспања одвојувајќи се од фаворитите откако ја предводел групата во поголем дел од завршното искачување.[38] Ја завршил Трката околу Шпанија на третото скалило на подиумот зад Крис Фрум и крајниот победник Алберто Контадор.[39] По Вуелта било објавено дека Валверде потпишал тригодишен договор со неговата екипа, Мувистар, значејќи дека ќе вози за нив до најмалку 2017 година.[40] На Светското друмско првенство во Понферада, Валверде се нашол на третото скалило на подиумот трета година по ред.[41] Завршил втор на Џиро ди Ломбардија, надминувајќи го Алберто Контадор за првото место на Светската турнеја.[42]
Валверде освоил три етапни победи на Волта а Каталуња. На втората етапа бил подобар во масовниот спринт и помогнал за резултат 1-2 за Мувистар со неговиот колега Хосе Хоакин Рохас.[43] На петтата етапа започнал доцен напад откако бил дел од мала група составена од предводниците во трката, на која победил сам.[44] На последната етапа победил во спринт со група од околу 40 возачи и со бонус секундите стигнал до второто место во генералниот пласман, пред Доменико Поцовиво.[45] На Амстел Голд Рејс завршил на второто место, победен во спринт од мала група од страна на Михал Квјатковски.[46] Следната среда, Валверде го изедначил рекордот по број на победи на Флеш Валон (вкупно 3), оддалечувајќи се од Жилијан Алафилип и Михаел Албасини во последните метри на Мур де Хуј.[47] Бил повторно подобар следната недела, освојувајќи го спринтот во мала група на возачи на Лиеж-Бастоњ-Лиеж. Тоа било третпат во неговата кариера да ја освои трката.[48] Исто така, било вторпат како ги освоил Лиеж-Бастоњ-Лиеж и Флеш Валон во истата година, станувајќи само втор возач кој успеал во тоа, по Ферди Киблер.[49] Во јуни го освоил националното друмско првенство.[50] На Тур де Франс, Валверде завршил на третото место, негов прв подиум на Тур; достигнувајќи го животниот сон за први три места на Тур. Со таа завршница имал останато само уште една цел, Светското првенство.[51][52]
Главни цели за сезоната 2016 на Валверде биле арденските класици, Џиро д’Италија и друмската трка на Олимпијадата. Ја започнал сезоната со победа на Вуелта а Андалусија во февруари. Ги претекнал другите кандидати како Тиџеј ван Гардерен и Рафал Мајка на искачувањето до целта на завршната етапа. Валверде го сменил првичниот план да вози на Трката околу Фландрија и заминал на Тенерифе за да се спрема за Џиро. Се вратил со победа на две етапи и победа на Кастиља и Леон, која одлучил да ја вози наместо Амстел Голд Рејс.
Следната среда победил третпат по ред на Флеш Валон и станал победник со најмногу победи на „најмалиот“ арденски класик со неговата четврта победа. Ги покажал своите вештини за искачување кога забрзал во последните 150 метри за победа. Во неделата сакал да го повтори арденскиот дабл од 2015 година со обезбедување на уште една победа на Лиеж-Бастоњ-Лиеж, но сепак завршил само на 16. место.
Валверде бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија, негово прво учество на трката.[53] Шпанскиот ветеран возел стабилна трка, но се мачел на планините, особено на кралската етапа во Доломитите, каде загубил повеќе од три минути. Се вратил следниот ден со трето место на планинскиот хронометар и успеал да освоил една етапа, негова 14. етапна победа на големите трки. Го обезбедил своето место на подиумот претекнувајќи го Стевен Краусвајк на последната планинска етапа и завршил трет, станувајќи само 16. велосипедист кој успеал да заврши на подиум на секоја од трите големи трки. Подоцна таа година, со завршувањето на шестото место на Тур де Франс, Валверде имал девет последователни први 10 завршници на неговите последни девет големи трки (подвиг кој не се случил од деновите на Мигел Индураин).
Во февруари 2017 година, Валверде ја освоил првата победа во сезоната на Вуелта а Мурсија, трка на која победил четири пати во минатото. Потоа следувала победата на Вуелта а Андалусија по петти пат во шест години, поразувајќи го Алберто Контадор за една секунда и ја освоил првата етапа. Таа победа била 100. победа во кариерата на Валверде. Откако не учествувал на Париз-Ница поради болест, доминирал на Волта а Каталуња, каде ги освоил етапите три, пет и седум и го победил Алберто Контадор со една минута.[54] Во ова успеал дури и со казната од една минута за неговата екипа на воведниот хронометар. На Трката околу Баскија, Валверде ја освоил петтата етапа и влегол на завршниот хронометар како предводник, имајќи само три секунди предност над Алберто Контадор. На хронометарот, Валверде завршил втор зад Примож Роглич за само девет секунди и го победил Контадор за четиринаесет секунди, со што дошол до третата победа на етапна трка во сезоната.[55]
Покажал доминантност на Флеш Валон освојувајќи ја трката четврта година по ред и петти пат вкупно.[56] Неколку дена подоцна на Лиеж-Бастоњ-Лиеж, Валверде се одбранил од крајниот напад на Даниел Мартин и успеал да го претекне на целта и да дојде до четвртата победа на трката.[57] Откако прекинал со трки за да тренира 25 дена во тренинг-камп на Сиера Невада, Валверде настапил на Критериум ди Дофине, каде на хронометарот на четвртата етапа го забележал третото најдобро време, губејќи единствено од светскиот хронометарски првак Тони Мартин (Катјуша-Алпесин) и возачот на Ванти-Груп Гобер, Ричи Порт, за дванаесет и дваесет и четири секунди, соодветно.[58] Успеал да добие време во однос на другите фаворити за генералниот пласман, меѓу кои Контадор, Барде и бранителот на титулата Крис Фрум (Тим Скај). ВО наредните планински етапи, Валверде бил агресивен, меѓутоа не успеал да го одбрани водството и на крајот на Дофине бил 4 минути и 8 секунди зад возачот на 2017, Јакоб Фуглсанг, на деветтото место во генералниот пласман.[59] Возел на Тур де Франс, Валверде изјавил дека ќе работи за колегата Наиро Кинтана. На воведниот поединечен хронометар, Валверде паднал на тесна кривина и морал веднаш да го напушти Тур;[60] негово прво повлекување од некоја голема трка од 2006 година. Имал скршено колено, со што не можел да вози неколку месеци.[61] На крајот, Валверде ја завршил сезоната 2017 поради оваа повреда со надеж за враќање на почетокот на сезоната 2018.
Валверде се вратил на трките на Предизвикот Мајорка кон крајот на јануари 2018.[62] На Волта а ла Комунитат Валенсијана ја освоил својата прва победа по враќањето, освојувајќи ја втората етапа и преземајќи го водството на трката.[63] Следниот викенд завршил втор зад сонародникот Луис Леон Санчес на Вуелта а Мурсија.[64] Подоцна во февруари, Валверде ја потврдил победата на Трката Абу Даби со етапата до Џебел Хафет.[65] Валверде завршил 17 секунди пред холандскиот возач Вилко Келдерман од Тим Санвеб.
Во март, Валверде возел на класикот Страде Бјанке, одржал делумно на чакал при пороен дожд. Завршил четврти, 1 минута и 25 секунди зад победникот Тиш Бенот.[66] Подоцна истиот месец, Валверде ја освоил Волта а Каталуња по третпат во кариерата.[67] Валверде ја освоил втората и четвртата етапа на трката, освојувајќи ја трката, како и планинскиот пласман. Завршил 29 секунди пред најблискиот соперник, колегата Наиро Кинтана, откако сонародникот на Кинтана Еган Бернал (Тим Скај) паднал на трката на завршната етапа. Следна трка му била калдрмисаниот класик Дварс дор Вландерен, каде завршил на 11. место, каде бил во главната група до успешното бегство на крајниот победник Ив Ламперт во завршните километри. По победата на ГП Мигел Индураин следело второто место на Класика Примавера, а арденската сезона ја започнал со петто место на Амстел Голд Рејс. Следната среда бил поразен од Французинот Жилијан Алафилип на Флеш Валон, трка на која победил четири пати. Понатаму, не успеал да ја освоил Лиеж-Бастоњ-Лиеж и завршил на 13. место, со што првпат не освоил ниту еден арденски класик од 2013 година.
По долга пауза ја освоил етапната трка Рут д’Окситан во јуни, каде се подготвувал за Тур де Франс. Направил неколку долги напади за колегите Наиро Кинтана и Микел Ланда, но сите тројца предводници на Мовистар не успеале да го загрозат подиумот. Валверде се вратил на Вуелта а Еспања, каде требало да му помага на колегата Наиро Кинтана. Ја освоил втората етапа во спринт на нагорнина и осмата етапа во спринтерска завршница меѓу намалена група, поразувајќи го и тогашниот светски првак Петер Саган. Бил високопласиран во генералниот пласман до последниот викенд, но имал проблеми на последните две етапи во Андора, поради што на крајот завршил само како петти. Сепак, го освоил бодовниот пласман по рекорден четврти пати.
Валверде го освоил златниот медал на Светското друмско првенство 2018 во Инсбрук на негово 12. учество. Триумфирал во малиот групен спринт на целта пред Ромен Барде, Мајкл Вудс и Том Димулен, станувајќи втор најстар друмски првак во историјата по Јоп Зутемелк. Емоционалниот Валверде ја нарекол најголема победа, која ја посакувал 15 години.[68]
Валверде го остварил првиот поголем резултат во 2019 година, кога завршил втор зад Јон Изагире на Волта а ла Комунитат Валенсијана.[69] Потоа, повторно завршил втор, овој пат зад Луис Леон Санчес, на Вуелта а Мурсија.[70] На Трка ОАЕ 2019, Валверде ја освоил својата прва победа како светски првак освојувајќи ја завршницата на третата етапа на нагорнина.[71][72] Ја завршил трката на второто место.[73]
На пролетните класици, Валверде возел на Трката околу Фландрија, негово прво учество на монумент. Ја завршил трката на осмото место.[74] Валверде имал тежок крај на неговиот пролетен дел од сезоната. На Флеш Валон, голтнал пчела при трката и на крајот завршил на 11. место. Пад на Лиеж-Бастоњ-Лиеж му предизвикал оток. Валверде ја продолжил трката, незнаејќи за тежината на својата повреда, но ја напуштил трката во текот на возењето, првпат како не успеал да заврши. Откако закрепнал од повредите се вратил на трките на Рут д’Окситан,[75] која ја освоил.[76] На 30 јуни го освоил националното друмско првенство по третпат во кариерата.[77] На Тур де Франс завршил деветти на крајот.[78]
На Вуелта а Еспања, Валверде ја освоил седмата етапа на трката, завршница на нагорнина на Мас де ла Коста.[79] На крајот завршил на Вуелта на второто место, 2:16 зад Примож Роглич.[80] На Светското друмско првенство во Јоркшир, која се одвивала во многу дождливо време, Валверде ја напуштил трката на 60 километри до целта и не ја одбранил титулата.[81] Кон крајот на сезоната, завршил втор зад Бауке Молема на Џиро ди Ломбардија.[82]
Алехандро Валверде бил поврзан со докази и ДНК со Операцијата Пуерто, афера за допинг, која се појавила во 2006 против докторот Еуфемијано Фуентес и голем број соучесници. Откриени се допинг-производи, торби со крв и кодни имиња, кои се поврзуваат со врвни спортисти, вклучувајќи 60 велосипедисти, високоорганизиран систем на допинг, кој главно се потпирал на трансфузија на крв.[83]
Првично, Валверде не бил поврзуван со истрагата, но интерните документи од мадридскиот суд 31, наводно го поврзувале Валверде со конфискуваните кодни имиња за крв Валв, Пити и 18.[84] Во 2007, на Валверде му било забрането од Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) да учествува на Светското друмско првенство во Штутгарт, но на Валверде му било дозволено да се натпреварува од Арбитражниот суд за спорт.[85] Дик Паунд, претседателот на светската антидопинг агенција, рекол дека одлуката на судот не значи дека Валверде е ослободен од обвинувањата.[86]
На почетокот на 2009, италијанскиот национален олимписки комитет откри исти ДНК-примероци земени од Валверде во текот на денот за одмор во Италија на Тур де Франс 2008 со земената крв во истрагата Операција Пуерто.[87] Во февруари 2009 пред олимпискиот комитет, Валверде ја одржал неговата невиност и ја довел во прашање италијанската јурисдикција за овој случај. Во мај 2009, италијанскиот олимписки комитет го суспендирала од натпреварувања во Италија на две години, со што тој не можел да учествува на Тур де Франс 2009, бидејќи кратко поминува и на италијанска почва.[88] Валверде поднел неуспешна жалба против италијанската забрана кај Арбитражниот суд; на второто сослушување, закажано за 18-21 март, UCI и WADA ќе ја нападнат одлуката на Шпанската велосипедска федерација да не отворат случај против Валверде.[89]
На крај, на 31 мај 2010 било објавено дека Арбитражниот суд за спорт ги потврдил жалбите на WADA и UCI и Валверде е казнет со двегодишна забрана, почнувајќи од 1 јануари 2010, но го одбиле барањето сите резултати постигнати пред суспендирањето да бидат отстранети.[90][91] По отслужувањето на двегодишната суспензија, Алехандро Валверде се вратил на трките во 2012 година возејќи за Мувистар.
Сите резултати биле поништени од 31 мај, поради суспендирањето од 1 јануари.[90]
Распоред на резултатите на големите трки | ||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Голема трка | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Џиро | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 3 | — | — | — |
Тур | — | — | — | СО | СО | 6 | 9 | — | — | — | 20 | 8 | 4 | 3 | 6 | СО | 14 | 9 |
Вуелта | СО | 3 | 4 | — | 2 | — | 5 | 1 | — | — | 2 | 3 | 3 | 7 | 12 | — | 5 | 2 |
Распоред на резултатите на етапните трки | ||||||||||||||||||
Етапна трка | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Париз-Ница | — | — | — | 2 | — | — | — | — | — | 3 | — | — | — | — | — | — | — | |
Тирено-Адријатико | 119 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 18 | — | — | — |
Волта а Каталуња | 34 | — | 33 | 80 | — | — | — | 1 | — | — | СО | СО | — | 2 | — | 1 | 1 | 10 |
Трка околу Баскија | 47 | 5 | 6 | 28 | 2 | 5 | — | — | — | — | — | 5 | — | — | 1 | — | — | |
Тур де Романди | 24 | — | — | — | 3 | — | — | 4 | — | — | 9 | — | — | — | — | — | — | |
Критериум ди Дофине | — | — | — | — | 6 | СО | 1 | 1 | — | — | — | 7 | — | 9 | — | 9 | — | — |
Тур де Свис | — | — | — | СО | — | — | — | — | — | — | 9 | — | — | — | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Оваа табела ги прикажува резултатите на Валверде на класичните трки.
Монумент | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Милано-Санремо | 54 | — | 33 | 24 | — | — | — | — | — | — | — | — | 20 | 15 | — | — | 7 |
Трка околу Фландрија | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 8 |
Париз-Рубе | нема настапено во текот на кариерата | ||||||||||||||||
Лиеж-Бастоњ-Лиеж | — | — | 34 | 1 | 2 | 1 | 19 | — | ДСК | 3 | 2 | 1 | 15 | 1 | 13 | СО | |
Џиро ди Ломбардија | 39 | — | 12 | СО | — | — | — | — | — | — | 2 | 2 | 4 | 6 | — | — | 2 |
Класична трка | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 |
Страде Бјанке | трката не постоела | — | — | — | — | — | 13 | 3 | 3 | 10 | — | 4 | — | ||||
Е3 Харелбеке | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 63 | — | — | — | — | — |
Амстел Голд Рејс | — | — | 13 | 23 | 7 | 3 | — | — | — | 22 | 2 | 4 | 2 | — | 19 | 5 | 66 |
Флеш Валон | — | — | 40 | 1 | 2 | 21 | 7 | — | 46 | 7 | 1 | 1 | 1 | 1 | 2 | 11 | |
Класика де Сан Себастијан | — | 61 | 8 | 8 | 3 | 1 | 17 | — | — | 26 | 2 | 1 | 3 | 3 | — | — | 10 |
Париз-Тур | — | — | 20 | — | 59 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Настан | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Олимписки игри | Хронометар | не се одржале | — | не се одржале | — | не се одржале | — | не се одржале | — | не се одржале | ||||||||
Друмска трка | 46 | 12 | 18 | 30 | ||||||||||||||
Светски првенства | Хронометар | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Друмска трка | 2 | 6 | 2 | 3 | 57 | 37 | 9 | — | — | 3 | 3 | 3 | 5 | — | — | 1 | СО | |
Национални првенства | Хронометар | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 5 | 1 | — | 3 | — | 4 | — |
Друмска трка | — | 2 | — | — | 2 | 1 | 3 | — | — | — | 6 | 2 | 1 | 4 | 2 | 2 | 1 |
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.