Северен Пол
From Wikipedia, the free encyclopedia
Северен Пол, познат и како географски Северен Пол или Земјин Северен Пол — географски пол дефиниран како местото во северната полутопка каде Земјината оска на вртење се состанува со Земјината површина.
Северниот Пол е најсеверната точка на Земјата, лежејќи дијаметрички спротивно од Јужниот Пол. Ограничен е од 90° СГШ (Φ= +π/2), и како правецот на т.н. географски север. Бидејќи на Северниот Пол сите правци покажуваат север, таквата географска ширина може да се дефинира како секој вредносен степен (-π ≤ λ ≤ +π).
Додека Јужниот Пол лежи на континентална Земјина маса, Северниот Пол се наоѓа во средината на Северниот Леден (Арктички) Океан чии води речиси постојано се покриени со огромни ледени водни маси. Поради ова не е сигурно да се изгради станица на Северниот Пол (за разлика од Јужниот Пол). Како и да е, Советскиот Сојуз и подоцна Русија, имаат изградено голем број на станици преку кој го проучуваат Северниот Пол. Денеска, научниците предвидуваат дека до 2050 ќе дојде до топење на сантите мраз.[1] Повеќе песимистички, беше тврдено од некои научници дека сантите мраз ќе исчезнат некаде во средината на 2008, предвидување кое очигледно не се исполни.[2][3] На 15 декември 2008, некои Канаѓани изјавија дека некои научници тврдат дека топењето на сантите мраз ќе почне некаде во 2014.[4]
Морската длабочина на Северниот Пол е измерена и изнасува околу 4261 метри.[5] Најчесто се вели дека најблиското копно е островот Кафеклубен, оддалечен околу 700 км од северниот брег на Гренланд.