Северно Море
море / From Wikipedia, the free encyclopedia
Северно Море — рабно море што се наоѓа во Северна Европа во Атлантскиот Океан, сместено помеѓу Велика Британија, Скандинавија, Германија, Холандија, Белгија и Франција. Внатрешно море на европскиот континентален гребен, поврзано е со океанот преку Каналот Ламанш на југ, а со Норвешкото Море на север. Долго е повеќе од 970 километри и 580 километри широко со вкупна територија од 750.000 км2.
Северно Море | |
---|---|
Сателитска снимка на Северното Море | |
Подрачје | Атлантски Океан |
Координати | 56°N 03°E |
Вид | море |
Главни приливи | Балтичко Море, Елба, Везер, Емс, Рајна/Вал, Меза, Шелда, Спеј, Дон, Ди, Теј, Форт, Тајн, Тис, Хамбер, Темза |
Сливни земји | Норвешка, Данска, Германија, Холандија, Белгија, Франција и Велика Британија |
Најг. должина | 960 км |
Најг. ширина | 580 км |
Површина | &10000000000750000000000750.000 км2 |
Прос. длабочина | 95 м |
Најг. длабочина | 700 м |
Зафатнина | 94000 км3 |
Соленост | 3,4 до 3,5% |
Најг. температура | 17°C |
Најм. температура | 6°C |
Наводи | Сигурност на море и Кралски белгиски институт за природни науки |
Северното Море долго било седиште на моќните европски бродски флоти, како и главно риболовно подрачје. Морето е омилено одредиште за рекреација и туризам во пограничните земји и од неодамна се развива како богат извор на енергетски ресурси, меѓу кои фосилни горива, ветер и рани достигнувања во енергијата на брановите.
Историски, Северното Море било значајно во геополитичките и воените односи, особено во Северна Европа, но исто така и глобално преку силата на флотите од земјите околу морето. Северното Море било средиште на подемот на Викинзите. Подоцна, се појавил моќниот стопански сојуз Ханзата, Холандија и Велика Британија се бореле за превласт на Северното Море и така пристап до пазарите и ресурсите од светот. Како единствен излез на Германија кон океан, Северното Море продолжило да биде стратешки важно во текот на двете светски војни.
Брегот на Северното Море поседува разновидност на геолошки и географски објекти. На север, длабоки фјордови и стрмни гребени се одлики на крајбрежјата на Норвешка и Шкотска, додека на југ има песочни плажи и калливи морски брегови. Поради густата населеност, тешката индустријализација и преголемата употреба на морето и крајбрежната област, постојат бројни еколошки проблеми.