Симон Боливар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Симон Хосе Антонио де ла Сантисима Тринидад Боливар и Понте Палациос и Бланко (шпански: Simón José Antonio de la Santísima Trinidad Bolívar y Ponte Palacios y Blanco; Каракас, Венецуела, 24 јули 1783 - Санта Марта, Колумбија, 17 декември 1830 ) — прочуен латиноамерикански револуционер, национален херој и предводник на борбите за независност на повеќе јужноамерикански држави: Венецуела, Колумбија, Еквадор, Перу, Панама и Боливија. Боливар го почитуваат како херој и во овие земји, но и во останатите латино-американски земји.
Симон Боливар | |
---|---|
Претседател на Втора Венецуелска Република | |
На должноста 7 август 1813 – 16 јули 1814 | |
Претходник | Франсиско де Миранда (Како Претседател на Прва Венецуелска Република) |
Наследник | Симон Боливар |
Претседател на Трета Венецуелска Република | |
На должноста октомври 1817 – 24 февруари 1819 | |
Претходник | Симон Боливар |
Наследник | Хосе Антонио Паес (Претседател на Венецуела) |
1-в Претседател на Голема Колумбија | |
На должноста 24 февруари 1819 – 4 мај 1830 | |
Потпретседател | Франсиско де Паула Сантандер |
Наследник | Доминиго Кајседо |
1-в Претседател на Боливија | |
На должноста 12 август 1825 – 29 декември 1825 | |
Наследник | Антонио Хосе де Сукре |
6-ти Претседател на Перу | |
На должноста 17 февруари 1824 – 28 јануари 1827 | |
Претходник | Хосе Бернардо де Тагле |
Наследник | Андрес де Санта Круз |
Лични податоци | |
Роден(а) | 24 јули 1783(1783-07-24) Каракас, Шпанско Царство (денес Венецуела) |
Починал(а) | 17 декември 1830(1830-12-17) (возр. 47) Санта Марта, (денес Колумбија) |
Националност | Венецуелско |
Сопружник | Марија Тереза Родригес дел Торо и Алаиса |
Потпис |
Боливар е роден во богато, аристократско семејство, како што било заедничко за наследниците на горната класа семејства во негово време, бил испратен на едукација во странство во млада возраст, пристигнувајќи во Шпанија кога имал 16 години, а потоа се преселил во Франција. Додека бил во Европа се запознал со идеите на просветителството, кои подоцна го мотивирале да го собори владеечкиот шпански режим во колонијалната Јужна Америка, започнувајќи ја својата кампања за независност во 1808 година и апелирајќи до населението на богатите воспоставил организиран национален конгрес во рок од три години. Кога Наполеон Бонапарт во 1808 година ја победи Шпанија, Боливар зема учество во хунтите на отпорот против Шпанците што се формираат во Јужна Америка. И покрај големиот број на пречки, вклучувајќи го и доаѓањето на невидено тдотогаш големите шпански експедициски сили, револуционерите на крајот надвладеале по кое во 1821 година Венецуела станала независна држава.
По овој триумф над Шпанската монархија, Боливар учествувал во основањето на првиот сојуз на независни нации во Латинска Америка, Голема Колумбија, на кој бил претседател од 1819 до 1830 година. Преку понатамошните воени походи, тој ги соборил шпанските владетели од Еквадор, Перу, и Боливија, чиј последен која држава била именувана по него. Тој истовремено беше и претседател на Голема Колумбија (денешна Венецуела, Колумбија, Панама и Еквадор) и Перу, додека Антонио Хосе де Сукре бил назначен за претседател на Боливија. Боливар имал за цел силна и обединета Шпанска Америка, способна да се справи не само со заканите што произлегуваат од Шпанија и Европската света алијанса, туку и со новите сили на САД. На врвот на неговата моќ, Боливар владеел со огромна територија од аргентинската граница до Карипско Море.
Боливар се смета за национална икона во поголемиот дел од модерната Јужна Америка и се смета за еден од најголемите херои на шпанските движења за независност од почетокот на 19 век, заедно со Хосе де Сан Мартин, Франсиско де Миранда и други. На крајот од својот живот, Боливар очајно се соочил со ситуацијата во неговиот роден крај. Во обраќањето кон конститутивниот конгрес на Република Колумбија, Боливар изјавил: „Сограѓани! Јас можам да го кажам ова: Независноста е единствената корист што го имаме стекнато, на штета на сите останати“[1].