Скриеносеменици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Скриеносемените (цветни) растенија (научно: оддел Magnoliophyta, по растението магнолија, уште и Angiospermae, од латински angi = затворено, грчки sperma = семе) сочинуваат оддел или тип во кој спаѓаат цветните растенија, кои воедно се и доминантната форма на растенија на Земјата. Овие растенија се главниот извор на храна за повеќето цицачи и човекот, како и извор на повеќе материјали и природни производи. Тука се вклучени најмногу грмушки и тревести растенија, повеќето познати дрвја (освен боровите и другите четинари), како и некои специјализирани растенија од типот на сочници, паразити и водни растенија. Познати се околу 230 000 видови на цветни растенија. Тие доминираат во повеќето копнени екосистеми. Околу две третини се наоѓаат во тропските региони, каде се во голема опасност од истребување како резултат на човечката дејност. Само околу 1000 видови се од поголема економска важност, а како хранлив ресурс служат околу 15 видови.
Magnoliophyta (скриеносемени) Период: касна Јура - денес | |
---|---|
Цвет од магнолија | |
Научна класификација | |
Царство: | Растенија |
Оддел: | Magnoliophyta |
традиционални класи: | |
Magnoliopsida - дикотиледони растенија |
Скриеносемени растенија се наречени поради тоа што нивната семка е заштитена во внатрешните делови на плодот со дебела и црвста обививка , за разлика од голосемените растенија каде што семката не е заштитена со дебела и цврста обвивка , туку се наоѓа залепена на дрвенестите ливчиња на женската шишарка којашто е заштитена со нежно , тенко и привидно крилце за да се заштити при процесот на расејување . Скриеносемените растенија се поделени на : монокотиледони и дикотиледони . Одлики на монокотиледоните се : монокотиледоните имаат 1 котиледон ( 1 семено ливче ) , имаат жилест корен , спроводните снопчиња ( ксилем и флоем ) се расфрлани , имаат паралелна нерватура на лист и имаат трочлен цвет . Примери за монокотиледони се : житни растенија , кокос , урма , банана и слично . Одлики на дикотиледони растенија се : дикотиледоните имаат 2 котиледона ( 2 семени ливчиња ) , имаат осков корен , спроводните снопчиња во вид на прстен , имаат жилеста нерватура на лист и имаат петточлен цвет . Примери за дикотиледони се : грав , леќа , грашок , боранија , краставица , домат и слично .