Слама
From Wikipedia, the free encyclopedia
Слама – сув остаток од житни растенија[1].
Сламата е секундарен производ, остатоци добиени од исушените стебла на житните растенија (пченица, ‘рж, јачмен, овес, ориз) по вршењето. Пред воведувањето на машинско жнеење и вршење, сламата се собирала од гумното каде што се вршело и се редела во копи. Со машинското жнеење и вршење, сламата се пресува и балира и може полесно да се складира. Балите вообичаено се во облик на квадари и ролни.