Сливнички манастир
манастир во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Сливнички манастир или „Рождество на пресв. Богородица“ — средновековен манастир во долнопреспанското село Сливница.[1] Комплексот е сместен на 3 километри од истоименото село, на падините на Баба Планина.
Кратки факти Информации, Целосно име ...
Влезот на манастирот | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Рождество на Пресвета Богорорица“ - Сливница |
Други имиња | Слимнички манастир |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 1607 |
Посветен на | Богородица Марија |
Епархија | Преспанско-пелагониска |
Цркви | „Рождество на Пресвета Богорорица“ „Св. Спиридон“ |
Личности | |
Место | |
Место | село Сливница, Општина Ресен, Преспа, Македонија |
Координати | 40°58′41″N 21°06′01″E |
Видливи остатоци | 1 црква, 1 параклис, конаци, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Подмочанско-љубојнска парохија) |
Затвори
Манастирската црква „Рождество на Пресвета Богородица“ била изградена и зографисана во 1607 година. За манастирот е издадена и книга од страна на д-р Донка Барџиева-Трајковска.[2]