From Wikipedia, the free encyclopedia
Словенечка кујнa е под влијание на различноста на средината, климата, историјата и културата на на Словенија но и на соседните земји. Во 2016 година, водечките словенечки етнолози ја поделија земјата на 24 гастрономски региони.[1]:15 Првата книга за готвење на словенскии јазик ја објавил Валентин Водник во 1798 година.
Супите се релативно нови во словенската кујна, и ги има преку 100. Во минатото имало најразлични јадења како каши, супи и чорби. Најчестo супите биле без месо, посни и обични. Типично јадење е алелуја, супата направена од кора од репка и е популарно јадење за време на постот. Најчестата супа е говедската супа со нудли, која често се служи во недела како дел од неделниот ручек (говедска супа, пржени компири, пржен стек и зелена салата). За време на празничните денови често има избор на супа од говедско со нудли или крем супа од печурки. Свинското месо е популарно насекаде во Словенија. И живината е често популарна. Голем е изборот на месо е во сите различни делови од Словенија. Во Бела Краина и на словенеското приморје се јадат овчо и козјо. На денот на Свети Мартин луѓето се гостат со печена гуска, патка, мисирка или пилешко во комбинација со црвена зелка и млинци. Во Долна Краина и Внатрешна Краина, тие јадат печена дурмуза и јајца од препелица. До чумата на раковите во 1880-тите, благородните ракови биле извор на приход и често на менито во Долна Краина и Внатрешна Краина.
Глуварчето е популарно состојка за во салати во Словенија и со векови се собира на полињата. Дури и денес салата од глуварче и компир е високо ценета. Со оглед на тоа што може да се бере само во краток период во рана пролет, од него се прават многу нешта. Семејствата одат на пикник експедиции за собирање глуварче и го берат за да имаат доволно за цела недела. Во средниот век луѓето јаделе желади и други шумски плодови, особено во време на глад. Костените биле ценети и служат како основа за многу извонредни јадења. Оревите и лешниците се користат во колачи и десерти. Дивите јагоди, логан бобинки, капини, боровинки се богат извор на витамини. Печурките отсекогаш биле популарни, а Словенците сакале да ги берат и јадат. Постојат многу варијанти. Медот се користел во значителна мера. Медењаки, се медени колачи и ги има во различни форми но најчесто се во облик на срце и често се користат како подароци.
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.
Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.