Стрежевско Езеро
езеро во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Стрежевско Езеро (познато и како Стрежево) — вештачко езеро во областа Ѓават-Кол, во јужниот дел на Македонија, изградено во средниот тек на реката Шемница, десна притока на Црна Река.[1]
За други значења на поимот, погл. Стрежево (појаснување).
Кратки факти Стрежевско Езеро Стрежево, Координати ...
Стрежевско Езеро Стрежево | |
---|---|
Координати | 41°7′33″N 21°10′39″E |
Вид | вештачко |
Главен дотек | Шемница |
Главен истек | Шемница |
Земји во сливот | Македонија |
Најг. должина | 6,5 км |
Најг. ширина | 1 км |
Површина | 7,5 км2 |
Водна зафатнина | 116,82 милиони м3 |
Надм. височина на површината | 739 м |
Острови | 0 |
Затвори
Езерото се наоѓа на 22 километри од градот Битола. Езерото има издолжен облик и зафаќа вкупна површина од 7,5 км2. Административно, езерото во целост се наоѓа во Општина Битола.