Тајниот агент
From Wikipedia, the free encyclopedia
Тајниот агент: Едноставна Приказна е роман од Џозеф Конрад објавен во 1907 година. Приказната се одвива во Лондон во 1886 година и го обработува ликот и животот на г. Верлок и неговите дејства како шпион.[1] Тајниот агент е исто така значајана бидејќи е една од подоцнежните книги на Конрад со политичка тематика, која не е заснована на морепловството како останатите негови дела. Општо гледано, книгата се занимава со идеите на анархизмот, шпионажата и тероризмот.[2] Во книгата се опишани анархистички и револуционерни групи пред појавата на повеќето социјални востанија во 20 век.
Кратки факти Автор, Изворен наслов ...
Автор | Џозеф Конрад |
---|---|
Изворен наслов | The Secret Agent |
Земја | Обединето Кралство |
Јазик | англиски |
Жанр | шпионажа |
Издавач | Methuen & Co |
Издадена | септември 1907 |
Медиум | печатено |
Страници | 442 стр. (оригинал) |
Затвори