Награда Антоанета Пери за извонредност во Бродвејскиот театар, позната како Тони награда ― награди кои ги доделува Американското театарско крило и Бродвејската лига на годишна церемонија во Мидтаун Менхетен за исклучителна глума во живо во Бродвејскиот театар.

Наградите се доделуваат за Бродвејски продукции и претстави. Една награда се доделува и за регионалниот театар во САД. Се доделуваат и неколку награди вон официјална конкуренција, како Специјална награда Тони, Тони почести за извонредност во театарот и Наградата Изабел Стивенсон.[1]

Наградите ги основал театарскиот продуцент и режисер Брок Пембертон, а именувани се по Антоанета „Тони“ Пери, глумица, продуцент и театарски режисер која била ко-основач и секретар на Американското театарско крило. Трофејот е медалјон кој може да се врти на кој се прикажани маските на комедијата и трагедијата, поставен на црна основа.

Правилата за наградите Тони се наведени во официјалниот документ „Правила и регулативи за Тони наградите од Американското театарско крило“, кој важи само за таа сезона.[2] Наградите Тони во њујоршката театарска индустрија се на исто рамниште на Еми наградите за телевизија, Греми наградите за музика и наградите Оскар за филм. Личноста која ги освоила сите четири награди се вели дека ја добила наградата EGOT. Наградите Тони се американски еквивалент на наградите Лоренс Оливие од Обединетото Кралство и наградите Молиер во Франција.

Историја

Првата церемонија на Тони наградите се одржала на 6 април 1947 година, една година по смртта на американската глумица Антоанета Пери , по која и била наречена наградата.[3] Во првите години од доделувањето се нарекувале „Пери награди“.[4][5]

Од 1967 година, церемонијата на доделување на наградите се емитува на американската национална телевизија.

Рекорди

Претстави

  • Номинации: Најмногу номинации за Тони добил мјузиклот Хамилтон (2016) со 16 номинации во 13 категории
  • Добитник: Најмногу Тони награди добил мјузиклот Продуценти (2001) - 12 награди.
  • Четири мјузикли ги освоиле сите „шест највисоко рангирани“ награди за оригинален мјузикл: Јужен Тихи Океан (1950), Свини Тод: Демонскиот бербер од улицата Флит (1979), Спреј за коса (2003) [6] и Посетата на бендот (2018 година); сите тие ја освоиле наградата за најдобар мјузикл, најдобра музика, најдобра книга, најдобра главна машка улога, најдобра главна женска улога и најдобра режија.
    • Две драмски претстави ги освоиле сите „четири највисоко рангирани“ за оригинална драма: Кој се плаши од Вирџинија Вулф? (1963) и Вистинското нешто (1984); ги добиле наградите за најдобра претстава, најдобра главна машка улога, најдобра главна женска улога и најдобра режија.
  • Актерски награди: Само една претстава, Јужен Тихи Океан (1950), ги освоила сите четири актерски награди во една година.
  • Смртта на трговскиот патник од Артур Милер во 2012 година станала прва претстава (драма или мјузикл) која победила како најдобра продукција во четири различни години

Наводи

Надворешни врски

Wikiwand in your browser!

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Every time you click a link to Wikipedia, Wiktionary or Wikiquote in your browser's search results, it will show the modern Wikiwand interface.

Wikiwand extension is a five stars, simple, with minimum permission required to keep your browsing private, safe and transparent.