Топлинско зрачење
From Wikipedia, the free encyclopedia
Топлинско зрачење — електромагнетно зрачење, создадено од страна на топлинското зрачење на наелектризираните честички во материјалот. Сите материјали со температура поголема од апсолутната нула оддаваат топлинско зрачење. Кога температурата на телото е поголема од апсолутна нула, настануваат внатрешени судири на атомите, со што се менува кинетичката енергија на атомите или молекулите. Ова доведува до забрзување на честичката, или пак до диполна осцилација од која произлегуваат ектромагнетни зрачења, како и широк спектар на зрачење кој се одразува на широкиот спектар на енергии и забрзувања кои се јавуваат дури и при единечна температура.
Примери за топлинско зрачење се: видливата светлина и инфрацрвената светлина одадена од жарулка, инфрацрвеното зрачење од животните кое може да се забележи со топлинска камера и космичкото позадинско микробраново зрачење. Топлинско зрачење е поразлично од топлинските струења и топлинската спроводливост, лице во близина на бесен оган го чувствува греењето и зрачењето од огнот, дури и ако околниот воздух е многу студен.
Сончевата светлина е дел од топлинското зрачење создадено од страна на жешката плазма на Сонцето. Земјата исто така, оддава топлинско зрачење, но со многу помала јачина и различна спектрална распределба (инфрацрвена, наместо видлива) бидејќи таа е поладна. Впивањето на сончевото зрачење и неговото оддавање од Земјата, се двата најважни процеси кои ја одредуваат температурата и климата на Земјата.
Ако зрачењата кои потекнуваат од телото ги исполнуваат физичките одлики на црно тело во термодинамичка рамнотежа, зрачењето се нарекува црнотелесно зрачење.[1] Планковиот закон го опишува црнотелесното зрачење, зрачење кое зависи само од температурата на телото. Виновиот закон за поместувањето ја одредува најверојатната честота на оддаденото зрачење, како и Штефан-Болцмановиот закон кој ја определува јачината на зрачењето.[2]
Топлинско зрачење е еден од основните механизми за топлински пренос