Турски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Турски јазик — јазик што го зборуваат околу 63 милиони луѓе во светот и доста зборуван јазик во туркиските држави. Најмногу е зборуван во родните Турција и Кипар но и во останатите балкански држави. Исто така турскиот јазик е зборуван од неколку милиони Турци низ европските држави, особено во Германија.
Турски јазик | |
---|---|
Türkçe | |
Изговор | [Грешка во скриптата: Нема модул наречен „IPA“.'] |
Застапен во | Турција, Кипар, Северен Кипар, Македонија, Косово и во многу останати земји |
Подрачје | Азија, Европа |
Говорници | преку 50 милиони луѓе |
Јазично семејство | Алтајски
|
Писмо | Турска азбука |
Статус | |
Службен во | Турција Кипар Северен Кипар |
Регулативен орган | Турска јазична асоцијација |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | tr |
ISO 639-2 | tur |
ISO 639-3 | tur |
Првите записи на турскиот јазик датираат од централна Азија од пред 1.200 години. Претходник на турскиот јазик бил отоманскиот турски јазик и бил пишуван со отоманска азбука (арапска азбука). Со реформите на Кемал Ататурк, денес турскиот јазик се пишува со латиница. Турската јазична асоцијација денес се стреми да ги отстрани странските зборови од турскиот јазик и да ги воведе старите турски зборови. Реченичкиот состав на турскиот е субјект-објект-глагол и нема род на именки.