Турско национално движење
From Wikipedia, the free encyclopedia
Турското национално движење (турски: Türk Ulusal Hareketi) — национално движење кое ги опфаќа политичките и воените активности на турските револуционери кои резултирале во создавање и обликување на модерната Република Турција, како последица на поразот на Отоманското Царство во Првата светска војна и последователното окупација на Цариград и поделба на Османлиското Царство од страна на Сојузниците под условите на договорот од Мудрос. Османлиите го сметале движењето како дел од меѓународен заговор против нив[1]. Турските револуционери се побуниле против оваа поделба и против договорот од Севр, потпишан во 1920 година од отоманската влада, кога цела Анадолија била поделена на сојузнички региони.
Ваквото воспоставување на сојуз на турските револуционери за време на поделбата резултирало со започнување на Турската војна за независност, укинување на османлискиот султанат на 1 ноември 1922 година и прогласување на Република Турција на 29 октомври 1923 година. Движењето се изјаснило дека единствениот извор на управувањето за турскиот народ ќе биде демократско Големо национално собрание на Турција.
Движењето било создадено во 1919 година преку серија договори и конференции низ цела Анадолија и Тракија. Процесот имал за цел да обедини независни движења низ целата земја за да изгради заеднички став на чело со Мустафа Кемал Ататурк[2] кој станал главен портпарол, јавна личност и воен водач на движењето.