Суперкуп на УЕФА
From Wikipedia, the free encyclopedia
Супекуп на УЕФА (исто така наречен Суперкуп на Европа) е годишен фудбалски натпревар помеѓу шампионите на двете клупски натпреварувања организирани од раководното тело на Европскиот фудбал, УЕФА: УЕФА Лигата на шампионите и УЕФА Лига Европа. Натпреварот се одржува при почетокот на натпреварувачката сезона, во август, најчесто во петок.
![]() | |
Регион | Европа (УЕФА) |
---|---|
Основана | 1972; пред 52 години (1972) (официјално од 1973) |
Број на клубови | 2 |
Тековен првак | ![]() (2022) |
Најмногу титули | ![]() ![]() ![]() (5 титули) |
Мрежно место | Официјална страна |
Трофеј | ![]() |
![]() |
Од 1972 до 1999, Суперкупот на УЕФА се играл помеѓу победникот во Купот на шампиони/УЕФА Лига на шампионите и победникот во Купот на победниците на куповите. По укинувањето на Купот на победниците на куповите, Суперкупот на УЕФА се игра помеѓу победникот во УЕФА Лигата на шампионите и победникот во Купот н УЕФА, кој подоцна бил преименуван во УЕФА Лига Европа во 2009.
Моментален шампион е германскиот клуб Бајерн Минхен кој ја победил Севиља со 2–1 по продолженија во Суперкупот на УЕФА 2020. Најуспешни клубови во натпреварувањето се шпанската Барселона и италијанскиот Милан со по пет титули.