Унгарска револуција (1956)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Унгарска револуција од 1956 или Унгарско востание од 1956 (унгарски: 1956-os forradalom или 1956-os felkelés) — народен револт против унгарската влада и нејзините политики наметнати од СССР, кој траел од 23 октомври до 10 ноември 1956 година. Иако револтот започнал без предводник, тој прераснал во првата голема закана по советската контрола откако силите на СССР ги потиснале силите на Нацистичка Германија од територијата на Унгарија на крајот од Втората светска војна и навлегле во Средна и Источна Европа.
Унгарска револуција од 1956 | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Студена војна | |||||||
Знаме на Унгарија со отесечен комунистички грб. Знамето со дупка станало симбол на револуцијата. |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
СССР
| Унгарски револуционери | ||||||
Команданти и водачи | |||||||
Никита Хрушчов Иван Конев Ерно Геро | Имре Наѓ Пал Малетер |
||||||
Сила | |||||||
31.550 трупи 1.130 тенкови[1] непознат број на лојални членови од унгарската влада | непознат број на војници, вооружени групи и вооружени цивили | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
Советски жртви: 722 убиени или исчезнати 1.540 повредени[2] | 2.500–3.000 убиени (проценка) 13.000 повредени (проценка)[3] |
||||||
3.000 убиени цивили[4] |
Револтот започнал како студентски демонстрации што привлекле илјадници лица кои марширале низ центарот на Будимпешта до зградата на парламентот, разгласувајќи на улиците од комбе со помош на звучници преку Радио Слободна Европа. Студентска делегација се обидела да влезе во зградата на унгарското радио со намера јавно да ги објават студентските барања, но била задржана. Кога било побарано ослободување на студентската делегација од страна на лицата кои однадвор демонстрирале, Државната безбедносна полиција отворила оган од внатрешноста на градбата. Еден студент починал, бил завиткан во знаме и држен над толпата. Со овој настан започнала револуцијата. Со раширувањето на вестите, неред и немири започнале низ целиот град.
Револтот набргу се проширил низ цела Унгарија и владата се распаднала. Илјадници лица воено се организирале и започнале да се борат против Државната безбедносна полиција и советските трупи. Просоветските комунисти и членовите на Државната управа за безбедност биле убивани или затворани, а поранешните затвореници ослободувани и вооружувани. Радикалните импровизирани работнички совети се избориле за локална контрола од владејачката Унгарска работничка народна партија и побарале политички промени. Новата влада формално ја распуштила Државната управа за безбедност, ја објавила својата намера за повлекување од Варшавскиот пакт и се залагала за возобновување на слободните избори. На крајот на октомври, борбите речиси сопреле и состојбата започнала повторно да се нормализира.
По објавувањето на готовноста за преговори во врска со повлекувањето на советските сили, Политбирото ја променило одлуката и решило да ја задуши револуцијата. На 4 ноември, советските сили навлегле во Будимпешта и другите подрачја на земјата. Отпорот продолжил до 10 ноември. Повеќе од 2.500 унгарски и 700 советски трупи биле убиени во конфликтот, а 200.000 Унгарци ја напуштиле земјата. Следните неколку месеци биле исполнети со масовни апсења и јавни оптужби. До јануари 1957, новоназначената влада од страна на СССР ја задушила севкупната опозиција во јавноста. Овие советски активности, иако ја зајакнале контролата над Источниот блок, предизвикале поделба меѓу марксистите во западните земји и придонеле кон значајно намалување на членството во комунистичките партии во овие земји.
Јавна дискусија за револуцијата била забранета во Унгарија повеќе од 30 години. По омекнувањето на политиката во текот на 1980-тите, револуцијата била предмет на интензивно проучување и дебата. При создавањето на Третата унгарска република во 1989, 23 октомври бил прогласен за национален празник.
Додека трала Втората Свететска војна Унгарија била член на Силите на оската, таа се здружила со моќите на Нацистичка Германија, Кралството на Италија (1861-1946)Фашистичка Италија, Кралството на Романија, и Кралството на Бугарија.Во 1941, Унгарската војска (Унгарија во Втората светска војна)во инвазија од Југославија или окупацијата од Југославија и Операцијата Барбароса или инвазија на Советскиот Сојуз.Црвената Армија ги форсирала да се вратат Унгарците и други освојувачи на оската, и околу 1944 била тргната кон Унгарија.
Плашејќи се од инвазијата, Унгарската влада започнала да преговара со приврзаниците на сојузниците.Тие завршиле кога ја нападнаа и окупираа операцијата Маргарет нацистичка Германија, земјата ја создаде про-оската (Владата на националното единство, Унгарија).
Обете Унгарци и Германци форсирале стационирани сили кои биле последователно поразени кога Советскиот Сојуз ја нападнале земјата на крајот од 1944.