ФК Копенхаген
From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Копенхаген (дански: Football Club København), или едноставно ФКК — дански фудбалски клуб од главниот град на Данска, Копенхаген. Моментално се натпреварува во Суперлигата на Данска, првото ниво на данскиот фудбал.
ФК Копенхаген | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски клуб Копенхаген | |||
Прекар | Løverne (лавови) | |||
Основан | 1 јули 1992; пред 31 година (1992-07-01) | |||
Локација | Копенхаген, Данска | |||
Стадион | Паркен | |||
Капацитет | 38,065 | |||
Сопственик | Алан Агерхолм | |||
Тренер | Јакуб Неструп | |||
Лига | Суперлига | |||
2022–23 | Суперлига, 1-ви (шампиони) | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот е основан во 1992 година, како надградба на КБ и Б 1903. ФК Копенхаген е еден од најуспешните клубови во Данска: моментално има освоено 15 титули во данското првенство, рекорд кој го делат со екипата на КБ, како и 9 освоени Купови на Данска. Во европскиот фудбал, ФКК стигнал до групната фаза на Лигата на шампионите и групната фаза на Лигата на Европа повеќе пати од кој било друг дански клуб, и е единствениот дански клуб кој стигнал до нокаут фазата на Лигата на шампионите.
Копенхаген ги игра своите домашни натпревари на стадионот Паркен. Најголем ривал на ФКК им е Брондби, со кои развиле жестоко ривалство уште од самото основање на клубот. Натпреварите меѓу двете екипи се познати како Дерби на Копенхаген и имаат најголема посетеност во историјата на данскиот фудбал.[1]