ФК Ливерпул
англиски фудбалски клуб / From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Ливерпул е професионален фудбалски клуб кој се наоѓа во Ливерпул, Англија кој игра во Премиер лигата и е еден од најуспешните во историјата на англискиот фудбал, со најмногу освоени трофеи од другите Англиски клубови. Ливерпул вкупно има освоено деветнаесет титули во лигата, седум ФА купови , седум Лига куп, три УЕФА купови и шест Европски купови, според англискиот регистар.
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
ФК Ливерпул | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбалски клуб Ливерпул | |||
Прекар | The Reds (црвените) | |||
Основан | 3 јуни 1892 (од Џон Хулдинг) | |||
Стадион | Енфилд, Ливерпул | |||
Капацитет | 53,394 | |||
Сопственик | Fenway Sports Group (Џон В. Хенри и Том Вернер) | |||
Претседател | Том Вернер | |||
Менаџер | Јирген Клоп | |||
Лига | Премиер лига | |||
2020-2021 | 3 место | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот е основан во 1892 година и освои пет првенства во лигата помеѓу 1900-1947. Како и да е, Ливерпул поминал неколку години во втора лига за време на доцните 50-ти и не добил повторно унапредување сè до поставувањето на Бил Шенкли како менаџер во 1959. Клубот традиционално играл во црвено-бели дресови, но тоа се променило во целосно црвени во 1960 година.Под раководството на Шенкли, Ливерпул освоил три титули во првенството, два ФА купови и УЕФА куп, првиот европски трофеј на клубот. Во изминатите 30 години, тие биле едни од најуспешните клубови во англискиот и европскиот фудбал, освоиле четири европски купови помеѓу 1977 и 1984, петтиот во 2005 и последниот шести во 2019.
Несреќата на стадионот Хејсел го направил клубот злогласен во Европа, 39 навивачи на Јувентус починале по паѓањето на ѕидот откако тие се обиделе да побегнат при нападот на навивачите на Ливерпул. Клубот присуствувал на најголемата катастрофа по четири години – Несреќата во Хилсбороу – каде што починале 96 навивачи на Ливерпул во сударот со мечувачите. Двете катастрофи имаа големо влијание врз англискиот и европскиот фудбал, и врз клубот по овој ден.
Ливерпул е еден од најподржуваните клубови во светот,[1] vо 2019, Ливерпул беше еден седмиот фудбалски клуб во светот со најголема заработка, со годишен приход од 604 милиони евра[2] и осмиот највреден светски фудбалски клуб, вреднуван на 2.183 милијарди американски долари.[3] Ливерпул има голем број на навивачи кои држат долготрајни соперништва со неколку клубови. Најистакнато од нив е соперништвото со Манчестер Јунајтед и Евертон, со кои тие регуларно се натпреваруваат како Мерсејсајд дербито. Тимот носи црвен дрес и шорцеви од 1964 година. Химната на клубот е "You'll Never Walk Alone".