ФК Мидлсбро
англиски фудбалски клуб / From Wikipedia, the free encyclopedia
ФК Мидлсбро познат и само како Боро е англиски фудбалски клуб со седиште во Мидлсбро, Северен Јоркшир. Моментално се натпреварува во Чемпионшип, второто ниво на англискиот фудбал.
Мидлсбро | ||||
---|---|---|---|---|
Целосно име | Фудбал клуб Мидлсбро | |||
Држава | Англија | |||
Прекар | Боро | |||
Основан | 1876; пред 147 години (1876) | |||
Локација | Мидлсбро, Англија | |||
Бои | црвена и бела | |||
Стадион | Риверсајд | |||
Капацитет | 34,000[1] | |||
Претседател | Стив Гибсон | |||
Менаџер | Нил Ворнок | |||
Лига | Чемпионшип | |||
2019-20 | Чемпионшип лига, 17-ти | |||
Мреж. место | Официјално мрежно место | |||
| ||||
Тековна сезона |
Клубот е основан во 1876 година, и настапува на стадионот Риверсајд од август 1995 година, нивниот трет дом откако клубот станал професионален во 1889 година. Нивниот домашен стадион со најдолг временски период бил Ејрсом парк, каде што настапувале цели 92 години, во периодот 1903-1995.
Клубот бил еден од основачките членови на Премиер лигата во 1992 година, но исто така биле една од трите екипи кои испаднале уште во инаугуративната сезона. Меѓу најголемите успеси на Мидлсбро се сметаат освојувањето на Лига купот во 2004 и финалето на Купот на УЕФА во сезоната 2005-2006, во кое загубиле од шпанската Севиља.
Традиционалната опрема на клубот се состои од црвена боја со бели детали. Домашните шорцеви и чорапи се менуваат помеѓу црвена и бела боја, надополнувајќи го црвениот дрес усвоен во 1899 година.[2] Најголеми соперништва, Мидлсбро има со Сандерленд, Њукасл Јунајтед и Лидс Јунајтед.