Фазен премин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фазен премин — преод на термодинамички систем од една фаза(состојба) на материјата во друга преку топлински пренос. Овој поим најчесто се користи за опис на преминот помеѓу цврста, течна и гасна состојба на материјата и во ретки случаи плазма. Фазите на термодинамичките системи и агрегатните состојби имаат исти физички својства. За време на фазениот премин при смената на одредени надворешни влијанија, како што се температурата, притисокот или други. На пример, течност може да стане гас при греење до точката на вриење, што доведува до ненадјна смена во волуменот. Мерењето на надворешните услови во кои се случува преодот се нарекува фазен премин. Фазните премини се чести во природата и денес се користат во многу технологии.