Точка на вриење
From Wikipedia, the free encyclopedia
Точка на вриење — температура на која парниот притисок на течноста е еднаков со притисокот кој ја опкружува течноста и течноста преминува во пареа.
Точката на вриење на течноста[1][2] варира во зависност од притисокот на околината кој го опкружува. Течноста во делумен вакуум има пониска точка на вриење отколку кога течноста е под атмосферски притисок. Течноста со голем притисок има повисока точка на вриење отколку кога течноста е под атмосферскиот притисок. За даден притисок, различни течности имаат различни температури на вриење.
Нормална точка на вриење (уште наречена и атмосферска точка на вриење) на течноста е специјален случај кога парниот притисок на течноста се изедначува со дефинираниот атмосферски притисок на ниво на морето, 1 атмосфера.[3][4] На таа температура, парниот притисок на течноста станува доволен за да го надмине атмосферскиот притисок и дозволува меурчиња на пареа да се формираат во внатрешноста на течноста. Стандарната точка на вриење дефинирана од страна на IUPAC од 1982 како температура на која вриењето се случува на притисок помал од 1 bar.[5]
Топлината на испарување е енергија која е потребна за да се претвори одредено количевство на (a mol, kg, pound, etc.) на супстанца од течна форма во гас со даден притисок (често атмосферски притисок).
Течностите може да преминат во пареа на температура помала од нивната точка на вриење преку процесот на испарување. Испарувањето е површински феномен во кој молекулите сместени во близина на работ на течноста, не содржат доволно притисок на таа страна и затоа во околината ,,бегаат'' како пареа. Од друга страна, вриењето е процес во кој молекулите насекаде во течноста ,,бегаат'', што резултира со формирање на меурчиња насекаде во течноста.