Фимбулски Леден Гребен
леден гребен на Антарктикот / From Wikipedia, the free encyclopedia
Фимбулски Леден Гребен (норвешки: Fimbulisen) — леден гребен на Брегот на Принцезата Марта на Антарктикот. Има димензии од 200 × 100 км, и се напојува од ледникот Јутулстраумен, на границата со брегот на Земјата на Кралицата Мод, од 3° ЗГД до 3° ИГД.
Бил снимен со воздушна фотографија за време на Третата германска антарктичка експедиција (1938–1939), а картиран од норвешки картографи од земјомери и воздушни снимки на Норвешко-британско-шведската антарктичка експедиција (1949–1952) како и од воздушна фотографија на Норвешката експедиција (1958–1959).
Наречен е Фимбулисен, што значи „џиновски мраз“ на старонордиски.[1]