Фломастер
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фломастер[1][2] — вид писалка што има сопствен извор на мастило направен од впивачки материјал како што е филц.[3] Врвот што се користи за цртање или пишување е исто така направен од филц. Функцијата на капачето од филц е да спречи сушење на мастилото.
Сè до почетокот на деведесеттите години на 20 век, како растворувачи на мастилото се користеле толуен и ксилен, две супстанции кои се штетни и имаат непријатен мирис. Денес, мастилото во фломастерите се прави на база на алкохол.
Фломастерот го добил името по американската фабрика од втората половина на 20 век.