Франческо Боромини
From Wikipedia, the free encyclopedia
Франческо Кастели[1], попознат како Франческо Боромини (италијански: Francesco Borromini; Бисоне, 25 септември 1599 - Рим, 2 август 1667 ) — истакнат италијански архитект. Заедно со неговите современици Џан Лоренцо Бернини и Пјетро да Кортона бил предводник на барокната арихитектура во Рим.
Франческо Боромини Francesco Borromini | |
---|---|
Портрет на Боримини од непознат автор | |
Националност | Италијанец |
Познат(а) по | архитектура, вајарство |
Значајни дела | Сан Карло але Куатре Фонтане, Сант'Иво ала Сапиенца |
Правец | Барок |
Како поклоник на архитектурата на Микеланџело и остатоците од антиката, Боромини развил инвентивна, поинаква и донекаде идиосинкратичка архитектира, која вклучувала употреба на класични форми, геометриски правила и симболични значења во неговите дела. Работел во Рим, каде што се наоѓаат речиси сите негови дела, а и бил современик и соперник на Џан Лоренцо Бернини. Бил вклучен во изградбата на Базиликата „Св. Петар“, како и на дворецот Барберини. Негово најпознато дело е црквата Сан Карло але Кватро Фонтане, расположена на ридот Квиринал.
Бидејќи е роден во денешна Швајцарија, неговиот лик бил овековечен на банкнотите од 100 швајцарски франци во 1980-тите.