Фудбалска репрезентација на Чешка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Фудбалската репрезентација на Чешка ја претставува Чешка на меѓународните фудбалски натпреварувања и е под контрола на Фудбалската асоцијација на Чешка (FAČR). Историски гледано, Репрезентацијата на Чешка учествувала во натпреварувања организирани од ФИФА и УЕФА под разни имиња како Бохемија, Австроунгарија и Чехословачка.
Сојуз | Фудбалска асоцијација на Чешка (FAČR) | ||
---|---|---|---|
Конфедерација | УЕФА (Европа) | ||
Селектор | Јарослав Шилхави | ||
Капитен | Владимир Дарида | ||
Најмногу настапи | Петр Чех (124) | ||
Најдобар стрелец | Јан Колер (55)[1][2] | ||
ФИФА код | CZE | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 45 (9 април 2020)[3] | ||
Највисок | 2 (септември 1999, јануари-мај 2000, април — мај 2005, јануари-мај 2006) | ||
Најнизок | 47 (март 1994) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
Унгарија 2 — 1 Бохемија (Будимпешта, Унгарија; 5 април 1903) како Чешка Турција 1 — 4 Чешка (Истанбул, Турција; 23 февруари 1994)[4][5] | |||
Најголема победа | |||
Чешка 8 — 1 Андора (Либерец, Чешка; 4 јуни 2005)[4][5] | |||
Најлош пораз | |||
Англија 5 — 0 Чешка (Лондон, Англија; 22 март 2019)[4][5] | |||
Светско првенство | |||
Учества | 9 (првпат во 2006) | ||
Најдобар резултат | Прва фаза 2006 | ||
Европско првенство | |||
Учества | 7 (првпат во 1996) | ||
Најдобар резултат | Вицешампион, 1996 |
Репрезентацијата е основана во 1901 година, и постоела под претходно споменатите имиња сè до распадот на Чехословачка во 1993 година. Денешната Репрезентација на Чешка е основана во 1993 година, а својот прв официјален натпревар го одиграла на 23 февруари 1994, победувајќи ја Турција со 4-2 во Истанбул. Првото натпреварување на кое се пласирала Чешка било Европското првенство 1996, на кое стигнале до финалето во кое загубиле од Германија. Своето деби на Светските првенства го направиле во 2006 година, каде биле елиминирани уште по групната фаза со една победа и два порази.