Хари Белафонте
американски пејач и глумец (1927–2023) / From Wikipedia, the free encyclopedia
Хари Белафонте (англ: Harry Belafonte; роден како Харолд Џорџ Беланфанти Помладиот; 1 март 1927 г. – 25 април 2023) ― американски пејач, глумец и активист за граѓански права, кој во 1950-тите и 1960-тите ја популаризирал калипсо музиката ширум светот. Албумот на Белафонте, Calypso (1956) била прва долгометражна плоча продадена во над милион примероци од соло изведувач.[1]
Хари Белафонте | |
---|---|
Хари Белафонте во 1970 | |
Роден(а) | Харолд Џорџ Беланфанти 1 март 1927 Њујорк, САД |
Починал(а) | 25 април 2023 (возр. 96) Њујорк, САД |
Занимање |
|
Активен период | 1948–2023 |
Партија | Демократ |
Сопружник |
|
Деца | 4 |
Најпознати песни на Белафонте се: „Day-O (The Banana Boat Song)“, „Jump in the Line (Shake, Senora)“, „Jamaica Farewell“ и „ Mary's Boy Child“. Хари Белафонте глумел и во филмови како: Кармен Џонс (1954), Остров во сонцето (анг: Island in the Sun; 1957), Odds Against Tomorrow (1959), Buck and the Preacher (1972) и Uptown Saturday Night (1974). Последна улога во игран филм ја имал во Црн член на Кју Клукс Клан од режисерот Спајк Ли (2018).
Белафонте за свој ментор го сметал музичарот и активист за граѓански права, Пол Робсон, а за време на Движењето за граѓански права во 1950-тите и 1960-тите бил близок и доверлив човек на Мартин Лутер Кинг. Тој бил гласен критичар на политиките на администрациите на Џорџ Буш и Доналд Трамп. Белафонте бил амбасадор на познати личности за проблемите поврзани со малолетничка правда при Американската унија за граѓански слободи.[2]
Белафонте освоил три Греми награди (меѓу кои и Греми награда за животно дело), награда Еми,[3] и награда Тони. Во 1989 година, добил признание од Кенедиевот центар. Во 1994 добил Национален медал за уметност, а во 2014 година на 6-тото доделување на наградите на гувернерите на Академијата и хуманитарната награда Џин Хершолт.[4] Во 2022 година бил примен во Куќата на славата на рокенролот.[5] Тој е еден од ретките уметници кои добиле Еми, Греми, Оскар и Тони (EGOT), иако Оскар освоил во неконкурентна категорија.