Хераклеја Линкестис
археолошко наоѓалиште во Македонија / From Wikipedia, the free encyclopedia
Хераклеја Линкестис — градска населба од старомакедонско време до средниот век. Основана е кон средината на IV век пред н.е. од страна на кралот Филип II Македонски, како важен стратегиски пункт. Остатоците од материјалната култура од старомакедонската фаза на животот археолошки не се доволно истражени.[1]
- За останати значења на поимот, видете ја страницата за појаснување.
„Хераклеја Линкестис“ | |
Поглед на остатоците од Хераклеја Линкестидска | |
Местоположба | 41°00′39.9″N 21°20′33.0″E |
Основни податоци | |
---|---|
Место | Битола |
Општина | Битола |
Тип |
|
Период | хеленистичко време |
римско време | |
доцноантичко време | |
Портал „Археологија“ |
Хераклеја Линкестис се наоѓа на јужната периферија на градот Битола, во подножјето на планината Баба. Името го носи според Херакле, митскиот јунак и родоначалник на македонската кралска династија Аргеади, додека епитетот Линкестис со значење „Линкестидска”, доаѓа од називот на регионот Линкестида во кој се наоѓал градот, а во кој живеело древното македонско племе Линкестиди. Сместена во плодна рамнина, од север заштитена од планината Баба, односно ридот Тумбе Кафе и реката Сива Вода на југ, Хераклеја опстојала и се развила во една значајна раскрсница на патот Вија Егнација (лат. Via Ignatia) кој ги поврзувал Драч и Босфор. Од Хераклеја патот дијагонално се протегал кон Стоби, а потоа кон Сердика (ден. Софија).