Холоценски календар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Холоценски календар (холоценска ера,ХЕ или човекова ера) — систем за означување на годините кои додава точно 10.000 години на моментално употребуваните системи како наша ера (н.е.) или христијанска ера, чија прва година е на почетокот од холоценот и Неолитската револуција. Поддржувачите на овој систем тврдат дека со употреба на овој календар се олеснува одредувањето на раните геолошки, археолошки, дендрохронолошки и историски периоди, а воедно истиот се заснова на ера која е позначителна од раѓањето на Исус. Моменталната година од нашата ера е 2023 истата може да се претвори во холоценска година со додавање на бројот „1“ пред годината при што се добива 12023 од н.е. Човековата ера за првпат била предложена од научникот Чезаре Емилијани во 1993 г.[1][2][3]